ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
14.04.2022
Студентско сместување – колку чини и како го наоѓаат студентите?

Наставата на факултетите ќе почне да се одвива со физичко присуство, но што со студентите кои не живеат во градот каде студираат – разјаснуваме се за студентско сместување во Македонија? Колку им се отежнува процесот на студирање со тоа што во последен момент треба да најдат сместување?

За да добиеме информации на таа тема, разговаравме со студенти кои студираат во Скопје, Штип и Битола.

Студентските домови во Скопје се движат околу 3000 до 4000 денари, а во цената е вклучено кревет, доручек, ручек и вечера, сметки. За разлика од студентските домови, приватното сместување, односно становите се движат од 12000 денари, па нагоре.“, изјави Настасија Јанкулова од Виница, дипломиран студент на Медицинскиот факултет во Скопје.

Настасија Јанкулова

Во Битола, ситуацијата е речиси иста.

Не сум била сместена во студентски домови, но од искуството на колегите знам дека цената варира околу 3600 денари, во зависност од тоа каква соба сакате. Влучено е соба, оброци, читални, велосипеди, спортски сали и др. Цените на приватното сместување т.е. становите почнува од 6000 денари па нагоре. Цената зависи од местоположбата и уредувањето на станот, најчесто.“, сподели Марта Шешова од Охрид, студент на Високата Медицинска школа во Битола.

Марта Шешова

Во Штип има повеќе приватни студентски домови и еден државен. Во приватните, цената е околу 4500 до 6000 денари каде се вклучени два оброка, сметки за струја, вода, интернет, некаде читална и теретана. Во државниот студентски дом цената е 4000-4500 денари и истото е вклучено и таму, без читална и теретана. За становите, односно приватното сместување, цената многу зависи од местоположбата и големината на станот, но генерално киријата е од 5000 до 12000 денари месечно.“, раскажа Ана Рувиноска од Охрид, студент на Филолошкиот факултет во Штип.

Ана Рувиноска

Сите три ни дадоа речиси ист одговор на прашање каде се наоѓаат станови и приватни сместувања. Интернетот си го прави своето, па најчесто тоа се Фејсбук групи, страници со огласи, но и од разговор со пријатели и познаници се доаѓа до некој што издава станови.

Можеме да заклучиме дека постои голема разлика во цените на становите и цените на студентските домови. Изборот е на студентите и она што тие го бараат, но и од условите кои студентските домови и издавачите на станови ги нудат.

Одлуката за започнување на настава со физичко присуство можеби ќе претставува проблем затоа што се донесе во средината на семестарот кога во студентските домови речиси и да нема место, а цените на становите се качени до „плафон“. Сепак, времето е најдобар показател на секоја промена!

Матура ќе се полага во холови и спортски сали
Геоглифот кај С.Николе – ровови или македонска историја?