ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
26.05.2025
Студентското здружение „Dentum“ со повик за нови членови

Пред околу еден месец беше формирано студентското здружение „Дентум“ од страна на студентите по Дентална медицина на Факултетот за медицински науки при Универзитет „Гоце Делчев“ Штип.

Здружението е основано со визија да биде мост помеѓу академските знаења и реалната стоматолошка практика, преку активности кои вклучуваат: едукативни настани, хуманитарни настани, јавни трибини, и промоција на оралното здравје.

„Верувам дека преку оваа иницијатива ќе создадеме платформа каде секој студент ќе може да се изрази, да учи и да расте. Нашата мисија е да изградиме заедница која ќе ги поврзе студентите од сите насоки на ФМН, преку активности што промовираат стручен развој, тимска работа и ангажман во здравствената едукација. Веруваме дека Дентум може да биде простор каде идеите се слушаат, различностите се вреднуваат, а заедничките цели не’ обединуваат.“, вели Дијана Цветановска, претседател на здружението.

Во наредниот период, здружението Дентум планира да реализира низа активности насочени кон подобрување на студентскиот ангажман и развој. Акцентот ќе биде ставен на организирање на едукативни предавања, практични работилници и јавноздравствени кампањи, кои ќе овозможат студентите да се вклучат во реални процеси, надвор од теоријата. Дентум останува посветен на создавање активна и инспиративна средина во која секој студент ќе има можност да се развива – и лично и професионално.

„Дентум“ ќе им овозможи на студентите да гледаат подлабоко во професијата – надвор од книгите и оценките

Во време кога здравствената едукација и интердисциплинарниот пристап се сè поважни во медицинските науки, здружението Дентум претставува платформа која им овозможува на студентите да ги прошират своите знаења, да ги усовршат практичните вештини и да воспостават контакти со професионалци од различни области. Преку своите активности, Дентум не само што придонесува за подготовка на студентите за идните професионални предизвици, туку и отвора можности за вклучување во научноистражувачки проекти, размена на искуства и градење на мостови за идни соработки.

Асистентка на УГД: Студентите по медицина не треба да се разочаруваат и да се откажуваат

„Чувствувам искрено задоволство што конечно формиравме здружение кое долго време го замислувавме. Сметам дека Дентум ќе им овозможи на студентите да гледаат подлабоко во суштината на нашата професија – надвор од книгите и оценките. Ќе работиме на создавање простор каде што ќе можеме да разговараме за реалните предизвици во стоматолошката пракса, да разменуваме искуства и заеднички да учиме од и од професионалци и од самите себе. Верувам дека Дентум ќе биде место каде љубопитноста, науката и посветеноста ќе се сретнат на вистински начин.“ – вели Генералниот секретар на здружението Андреа Василоска.

Раководниот одбор на Дентум ги повикува сите студенти кои сакаат да бидат дел од активна, инспиративна и професионално насочена заедница да се приклучат. Пријавувањето е отворено до 5.6.2025(четврток).

Помалку дипломирани студенти во 2024 година: Што покажуваат бројките?
30 училишта под клуч за пет години, образованието „изгубило“ 5.431 основец