ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
28.07.2022
Студија: Огнометот е загадувач на воздухот, а хемикалиите во него влијаат на тироидната жлезда?
Автор: Goce Author

Огнометот станува доста популарен и кај нас, но во САД тоа е традиција за 4-ти јули. Кај нас може да се забележи речиси секој викенд кога се прават свадбените прослави низ градовите.

Нова студија открива дека огнометот може да биде причинител за загаден воздух во деловите каде се пушта, а може да стои загаден воздухот и неколку дена после тоа.

Photo by Jireh Foo on Unsplash

Просечно 230 Американци секој ден завршуваат во собата за итни случаи во месецот околу 4 јули поради повреди поврзани со огномет, но пиротехничките несреќи не се единствениот потенцијален проблем на оваа традиција на четврти јули.

Една нова студија објавена во списанието „Atmospheric Environment“ покажува дека огнометот ослободува високо ниво на загадување на небото на деновите околу четврти јули во САД.

„Кога луѓето размислуваат за загадениот воздух, тие мислат на други нешта – купишта чад, издувни гасови од автомобили, градилишта итн.“, изјави за TIME авторот на студијата Дијан Џеј Сајдел. „Мислам дека повеќето луѓе не мислат на огномет“.

Како национален просек, составен од 315 различни локации за тестирање, огнометот на Денот на независноста внесува 42 отсто повеќе загадувачи во воздухот отколку што се наоѓаат во нормален ден.

Дел од тоа зголемување е скок во емисиите на перхлорат, хемикалија за која Агенцијата за заштита на животната средина вели дека може да ја „наруши способноста на тироидната жлезда да произведува хормони потребни за нормален раст и развој“.

Текстот е преземан од: www.cistvozduh.mk

Науката открива: Дружењето навистина го продолжува животот
Македонските научници на едно место: Порталот „е-наука“ може да ти донесе меѓународна соработка, бизнис-партнери и финансирање