
Научници од Британија спровеле истражување во земјата за тоа колку од пациентите кои имале потешка клиничка слика од Ковид – 19 целосно закрепнале и за колку време. Тие утврдиле дека едвај 30 проценти од пациентите кои болнички се лекувале изјавиле дека се чувствуваат целосно оздравени дури по една година.
Гардијан, повикувајќи се на студијата, наведува дека помалку од една третина од пациентите целосно закрепнуваат во рок од 12 месеци по отпуштањето од болница.
Како што повеќе работи се дознаваат за корона вирусот стануваше се појасно дека овој вирус има долгорочни последици по човековото здравје.
Photo by Mufid Majnun on Unsplash
Студијата покажува дека многу од оние кои имале симптоми подолг период по хоспитализацијата покажале мало подобрување.
– Само еден од тројца пациенти се чувствува целосно закрепнат во рок од една година – рече Рејчел Еванс, една од ко-авторите на студијата за пост-хоспитализација за ковид-19 спроведена под покровителство на Биомедицинскиот Национален институт за здравствени истражувања (NIHR) во Лестер. „За жал, не видовме подобрување по една година кај пациентите, вели Еванс.
Учесниците опфатени во студијата биле групирани во еден од четирите „кластери“: многу тешки симптоми, тешки симптоми, благи симптоми и оние со други умерени симптоми. Додека оние од „благата“ група пријавиле околу четири симптоми во просек, оние во многу тешката група пријавиле околу 20.
Студијата не може да ја докаже причината за тековните симптоми и ја нагласи потребата од пристапи за подобрување на менталните и физичките оштетувања кај пациентите.