ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
26.08.2024
Судбината на штипската болница ќе се знае во октомври/ноември – министерството подготвува документација
Автор: Goce Author

Министерот за здравство Арбен Таравари прашан до каде се процедурите за штипската и кичевската болница, тој рече дека се подготвува документација.

– Ние моментално во проектната единица на Министерството за здравство, подготвуваме документација. Се прави пресек до каде се болниците во Кичево и во Штип за да што поскоро можеме да објавиме набавка со што ќе побараме паралелно да се изведуваат сите понатамошни работи во штипската и во кичевската болница. Јас се надевам и сум сигурен дека првпат идната година ќе започнат две болници да се градат во исто време и максимум за две години откако ќе заврши изградбата, ќе бидат пуштени во употреба. Дозволете ми, јас се надевам дека октомври – ноември ќе излеземе со дефинитивен пресек што треба и каква објава ќе направиме за да се пријават сите тие кои се заинтересирани за да ги изградат овие две болници, појасни Таравари.

Тој информираше дека го посетил акцелераторот во Битола и тој функционира.

– За акцелераторите, во Битола бев, го посетив и функционира. За штипскиот се уште чекаме информации. Меѓутоа, од тоа што добивам недефинитивни информации, е дека тој акцелератор тешко ќе можеме да го користиме понатаму, соопшти Таравари.

Локалните радиостаници во Македонија пред голем предизвик
Средношколец од Штип, и покрај ограничените финансии, освојува златни медали на меѓународни олимпијади по природни науки