ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
05.09.2025
Сумата за студентски оброк можно е да се зголеми од следната година
Автор: Goce Author

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска изјави дека зголемувањето на сумата за студентскиот оброк е можно да се реализира во текот на наредната година.

Весна Јаневска

„Искрено се надевам дека постои таква можност. Се разбира, треба да се направи нивелација на студентскиот оброк со инфлацијата, но зборуваме за следната година. За оваа година тие побараа проширување на квотата, кое го направивме. Досега за сè што побараа сме им излегле во пресрет и јас им благодарам, бидејќи тоа го признаваат и го промовираат“, изјави Јаневска.

Таа нагласи дека реализацијата на оваа мерка ќе зависи од состојбата на буџетот, додавајќи дека ќе продолжи да ги застапува оправданите барања на студентите.

Кочани ќе одбележи една година од големата трагедија
Студирање и работење – секојдневие за студентите