ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
22.04.2024
Superior Runs 2024 – најдобри Ивановски и Поп Арсова, победници сите!

Superior Runs 2024 во потполност ги оправда очекувањата во своето второ издание, кое се одржа на 21 април во Штип.

Извонреден одзив, близу 1500 учесници трчаа по улиците на Штип, во трките на 5 и 10 километри, во беспрекорна организација. Годинава и поддршката на штипјани беше поголема, па можеа да се видат голем број на граѓани кои ги бодреа тркачите, и покрај најавите за врнежи и непогодни временски услови.

Белегот на Superior Runs го дадоа сите учесници, секако тимовите кои се пријавија и ги претставуваа своите компании, реализирајќи своевиден тим билдинг, но секако и оние кои трчаат за рекорди и за победа.

Главен организатор и годинава беше фирмата Superior Dispatch Service, заедно со фирми и спнзори кои одлучија да помогнат во организацијата на еден ваков настан. Самиот податок дека веќе во второто издание се дојде до завидна бројка од 1500 учесници покажува дека оваа трка има убава иднина и ќе стане белег и традиција на Штип.

(Видео) На 21 април Супериор Ранс по вторпат во Штип

Еве ги и најдобрите во трките на 5 и 10 километри.

5 километри жени – Билјана Ристиќ

5 километри мажи – Урош Гутиќ

10 километри жени – Адријана Поп Арсова

10 километри мажи – Дарио Ивановски

(Видео) Жртва од Јавна Соба: И после три години се чувствувам злоупотребено и незаштитено
Како функционираат онлајн шопинг измамите: Ви продаваат погрешен производ, а потоа ве блокираат