ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
19.01.2023
Superior Runs од Штип се стреми да го подигне спортскиот дух во градот

Здружение на граѓани со иницијативата Superior Runs ја најавија првата трка на рамна патека која ќе се организира во Штип на 30 април, а најавени се и награди за најбрзите.

„Иницијатори сме сите ние, рекреативци на патеката, секој член од секое спортско здружение или спортски клуб и секој оној кој учевствува на секоја организирана трка во Македонија и регионот. Директно или индиректно сите сакавме да се случи овој настан во Штип, па така, по неколкуте заеднички колегијални дружби на трките во Македонија и регионот, се случи тој “аха” момент, ајде да изреализираме една успешна градска тркачка приказна и во нашиот град.“, вели еден од организаторите на трката.

Во врска со организацијата на трката и начинот на кој таа ќе се одржи, од организацијата кажаа:

„Првичниот план е трката да биде со должина од 5к (1 круг) и 10к (2круга) а за таа должина гo имаме кејот на реката “Отиња”, каде покрај трчањето секој учесник ќе ги запознае и нашите значајни Штипски обележја: Храмот св. Никола, новиот споменик на “Кирил и Методиј”, ректоратот на Универзитетот “Гоце Делчев”, Ново Село со Јаворот и Храмот св Димитрија Солунски, градското собрание и театарот, џамијата “Кадин Ада”, градскиот парк “Jaja”.“

Кој може да се пријави?

На трката може да се пријави секој кој има над 16 години, а од Superior Runs велат дека ги повикуваат сите кои ја поддржуваат иницијативата, иако ќе бидат поканети и врвни атлетски имиња. Тие најавуваат врвно ниво на организација и трка каква што доликува на градот.

Што се диспечерските компании кои вработуваат голем број млади во Штип и регионот?

„Со “Superior Runs” очекуваме да ги натераме сите  да почувствуваат што значи да трчаш и да се чувствуваш многу подобро и физички и духовно. Очекуваме евент од овој тип да го смени начинот на размислување, живеење и секојдневни навики кај Штипјани. Веруваме дека секој може да даде свој допринос со минимален труд. Тркачите да трчаат, угостителските објекти каде што ќе минува патеката да ги отворат своите врати и пуштат музика малку порано во Недела наутро, за сите кој што сакаат да ги бодрат натпреварувачите го испијат своето утринско кафе во нивните локали. Секој музичар изведувач, DJ, бенд… може да има и свој настап по долж патеката за да даде поддршка за натпреварувачите и за крај секој граѓанин кој ќе ракоплеска, од својот прозор, покрај патеката или пак на стартот/целта ќе ни покажат и докажат дека ние Штипјани можеме да создадеме една успешна урбана атлетска приказна.“, велат од Superior Runs.

Од организацијата истакнуваат дека се надеваат овој настан да стане традиција во Штип и очекуваат да се одржува како и другите обележја во градот како што се “Ч’етересе”, “Макфест” и “Штипската Пастрамалијада”.

Европска недела на мобилност 2024
„Младите можат“: Младите се соочуваат со стрес, анксиозност и булинг – потребни се решенија