ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
17.08.2022
Сушата ги откри „камењата на гладот“ во европските реки
Автор: Goce Author

Недостигот на дожд на континентот доведе до ниско ниво на водата во реките и откри карпи, „камењата на гладот“ со пораки од пред 600 години.

Фото: The vintage News

Слабите врнежи и долготрајните горештини предизвикаа суша во неколку европски земји.

Ниските нивоа на реките открија застрашувачки предупредувања на предците за времиња на мизерија.

Таканаречените „камења од глад“ се карпи од речното корито, кои се видливи само кога нивото на водата е исклучително ниско.

Тие се врежани со пораки оставени од луѓето од претходните епохи за катастрофи предизвикани од недостиг на вода, обезбедувајќи уникатен потсетник за тешкотиите со кои се соочиле за време на претходните суши.

Натписите датираат со децении и векови, а темата стана вирална на интернет.

Најстариот натпис пронајден во сливот на реката Елба датира од 1616 година.

Пишува: „Ако ме видиш, плачи“.

Календар за суша

Според студијата на чешкиот тим археолози од 2013 година, на каменот може да се прочитаат годините 1417, 1616, 1707, 1746, 1790, 1800, 1811, 1830, 1842, 1868, 1892 и 1893 година.

„Животот повторно ќе процвета кога овој камен ќе го снема“, е издлабено на една од карпите.

„Кој ме виде еднаш плачеше, тој што ме гледа сега ќе плаче“, навестува друг.

„Ако повторно го видите овој камен, ќе заплачете. Еве колку плитка била водата во 1417 година“, пишува во следниот.

Камења кои најавуваат сиромаштија

Во минатото, ако реките достигнуваа толку ниско ниво, тоа за многу луѓе значеше сиромаштија и неволја.

Сушите ги уништија посевите, но ги отсечеа и водните патишта кои превезуваа храна и залихи од секаков вид.

После тоа ќе дојде глад.

Во минатото, централна Европа, како што се делови од Австрија, Чешка, Германија, Унгарија, Полска и Швајцарија, се потпираше на плодно земјиште покрај бреговите на реките за производство на храна.

Германскиот новинар Олаф Коен на Твитер објасни дека има дури и збор на германски што ги опишува карпите – „hungersteine“ (што буквално во превод значи „камења на глад“).

Инспирацијата за овој збор доаѓа од натписот пронајден на една од карпите, кој ја опишува 1947 година како „година на глад“.

Во последните години, феноменот на сушата стана еден од најистакнатите знаци на климатските промени во Централна Европа.

Камења на глад – потсетување на минатото

Еден од градовите каде што се откриени повеќе камења е Шчечин, град на северот на Чешката Република, во близина на германската граница и местото каде што се спојуваат реките Елба и Плучнице.

Десетина од овие карпи се појавуваат во коритото на Елба, потсетувајќи го локалното население на тешките времиња во минатото.

Уште еден камен за глад е изложен во музеј во германскиот град Шенебек.

Порано стоел во близина на сливот на речното пристаниште каде што е забележано дека нивото на водата е ниско.

Видливоста на овој камен им укажа на чамците дека нивото на водата е прениско за навигација.

Повеќето од „Камењата на гладот“ се наоѓаат во реката Елба, иако се појавиле и во други реки во регионот, како што се Рајна, Мозел и Везер.

Екстремната суша и камењата на гладот најавуваат сиромаштија

Предупредувањата за суша моментално важат за повеќе од 60 отсто од европската територија, покажуваат податоците на Европската опсерваторија.

Се повлекоа водите на големите реки во Германија, Англија и Италија.

Нискиот водостој во италијанскиот град Мантуа не го откри „каменот на гладот“.

Климатските промени го влошуваат топлотниот бран во Европа

Наместо тоа, она што беше откриено во коритото на реката По беше неексплодирана бомба од Втората светска војна тешка 450 килограми.

Во последните недели, земјите како Франција и Шпанија мораа да ја ограничат потрошувачката на вода.

Во делови од двете земји, властите беа принудени да го прекинат снабдувањето под одредени околности.

Француските власти на 7 август објавија дека земјата се соочува со најголемата суша од почетокот на евиденцијата во 1958 година.

Во Германија, ниското ниво на Рајна, која тече од швајцарските Алпи до Северното Море, веќе ги принудува бродските компании да пловат со намален обем на товар, наведува новинската агенција Ројтерс.

(Колумна) Што е демократија? Сигурно не ова што го гледаме денес
И родителите зависни од мобилните телефони