
Бебето родено на 15 ноември во Манила го означи порастот на светската популација на осум милијарди. Нејзиното име е Винис Мабансаг, а е родена во 1:29 часот по локално време.

Photo by Joseph Chan on Unsplash
Најстарите фосили на првите познати луѓе се стари 2,8 милиони години и се најдени во источна Африка. Првиот познат скок во бројот на жители се случил со појавата на земјоделството во неолитот, околу 10.000 години пред новата ера. Со земјоделството се развил и првиот селски начин на живот и можноста за складирање храна, што довело до раст на природниот прираст. Развојот на трајните населби донел и одредени ризици. Припитомувањето на животните ги довело луѓето во контакт со нови смртоносни болести. Со шест милиони жители, колку што имало во тоа време, глобалната популација нараснала на 100 милиони во околу 2.000 година пред новата ера, а потоа на 250 милиони во првиот век. Растот на бројот на жителите ненадејно го спречила чумата, во средниот век. Глобалниот број жители поради црната смрт паднал од 429 милиони во 1300 година на 374 милиони, сто години подоцна. Експлозијата на раст на бројот на жители почнала во 19 век, главно поради развојот на медицината и индустријализацијата на земјоделството што ги унапредило глобалните резерви на храна.
LOOK: Meet baby girl Vinice Mabansag—isa sa sumisimbolo bilang ika-8 bilyong tao sa mundo. Ipinanganak siya sa Dr. Jose Fabella Memorial Hospital kaninang 1:29am. | @gmanews pic.twitter.com/RQE0NSZCjm
— Nico Waje (@nicowaje) November 14, 2022
Според голем број на научници, клучен бил развојот на вакцините, особено против големите сипаници, што искоренило еден од најголемите глобални убијци. Седумдесеттите години на минатиот век донесоа уште една мала револуција во облик на лекувањето на срцевите болести, што придонесе на намалување на смртноста на лицата постари од 60 години.