ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
20.11.2021
Светски ден на децата – секое дете заслужува да биде среќно и сакано

Денеска е „Светски ден на детето“. Прв пат бил прогласен во 1954 година и од тогаш, се одбележува секоја година.

Тимот на Прва детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија одржа онлајн прес – конференција на која беа претставени проблемите со кои се соочуваат децата. Сето тоа со една цел да се слушне нивниот глас.

На конференцијата се јавија неколку девојчиња кои зборуваа за различни теми и ги кажаа гласно потребите за заштита на детските права.

Антонија Теовска зборуваше за тоа колку се незаштитени децата на улица, колку имаат потреба од љубов и внимание а добиваат навреди и дискриминирање, а често се и жртви на насилство. Упати апел до граѓаните и државните институции да ги заштитат и да не ги повредуваат, туку барем да пробат да ги погледнат со љубов.

Едина ни зборуваше за стресот и аксиозноста со кои се соочија децата за време на онлајн настава. Проблемите дома, карањето на родителите, немањето услови за следење на онлајн настава, притисокот од наставниците за редовно вклучување на часовите… се само дел од проблемите кои ги претискаат децата и им даваат чувство на немир, неспокој, депресија и аксиозност. Упати апел до родителите и до наставниците да разговараат со децата, да ги прашаат за нивните чувства и да пробат да ги разберат.

Децата се жртви и на сексуалното насилство. Според истражувањата кои ги направиле во амбасадата, резултатите покажале дека постојат еден милион жртви на семејно насилство на годишно ниво. И тука завршува детството и почнува еден нов, страшен живот. Две девојчиња. Дина Т. Богатиновска и Стефанија Петковска упатија апел кон училиштата, државните институции и родителите. „Организирајте почесто работилници, жртвите треба да знаат дека они не се виновни.“ Треба да им се објасни како да се справат со оваа траума и да се излечат, да зборуваат за тоа што го поминале и да застанат пак гордо на своите нозе.

„Не ги решавајте проблемите кога ќе се случат, туку спречете да се случат.“

Целта на оваа прес – конференција е да се слушне гласот на децата и да се разбере дека и тие имаат чувства и знаат што е добро, а што не е. Проблемите на децата треба да се решаваат секој ден, а не само еден ден во годината.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?