
Денес, 7 април, светот го одбележува Светскиот ден на здравјето, под мотото „Моето здравје, моето право“, со цел да се потсетиме дека здравјето е основно човеково право-не привилегија.
Светската здравствена организација (СЗО) ја нагласува важноста на пристапот до квалитетна здравствена заштита, чист воздух, здрава исхрана, безбедна вода и социјална поддршка. Но, паралелно со глобалните пораки, и ние како поединци сме повикани да преземеме лична одговорност за сопственото здравје.
Во оваа пригода, студентите ширум светот се приклучуваат со низа едукативни активности и пораки преку социјалните мрежи.
Целта е да се инспирираат младите да направат мали, но значајни чекори, било да е тоа прошетка наместо превоз, домашен оброк наместо брза храна или разговор со близок наместо потиснување на емоциите.
Здравјето не е само отсуство на болест, туку состојба на целосна физичка, психичка и социјална благосостојба. Овој ден е шанса да се запрашаме: Што правиме денес за да бидеме поздрави утре?