ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
04.03.2026
Светски ден против дебелината: младите се сѐ по дебели
Автор: Goce Author

Денеска, на 4 март, во светот се одбележува Светски ден против дебелината – ден посветен на подигнување на свеста за дебелината како сериозен здравствен проблем кој ги погодува милиони луѓе ширум светот.

Според податоците на Светската здравствена организација, дебелината претставува еден од најголемите јавноздравствени предизвици на современото општество. Организацијата предупредува дека стапката на дебелина е во постојан пораст во многу земји, особено кај младата популација.

„Дебелината не е само естетски проблем, туку хронична болест која значително го зголемува ризикот од сериозни здравствени состојби“, наведуваат од СЗО.

Прекумерната телесна тежина е поврзана со развој на бројни заболувања, меѓу кои и Дијабетес тип 2, хипертензија, како и кардиоваскуларни болести.

Експертите посочуваат дека главните фактори за појава на дебелината се седечкиот начин на живот, недоволната физичка активност и зголемената консумација на висококалорична храна.

По повод Светскиот ден против дебелината, здравствените организации апелираат на поголема свесност за важноста на здравите животни навики. Редовната физичка активност, балансираната исхрана и ограничувањето на преработена храна се меѓу клучните мерки за намалување на ризикот.

Според препораките на СЗО, возрасните лица треба да практикуваат најмалку 150 минути умерена физичка активност неделно, со цел да го зачуваат своето здравје и да го намалат ризикот од хронични заболувања.

Оскарите со измени поради војната?
Ден на ретки болести – невидливата борба на илјадници пациенти