ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
14.11.2021
Светско првенство во карате – настапуваат 12 македонци
Автор: Goce Author

Во Обединетите Арапски Емирати во Дубаи од вторник до недела ќе се одржи 25-то Светско првенство во карате.

Најавено е учество на 1054 натпреварувачи од 117 земји, а официјалната бројка на учесници ќе биде позната по денешните задолжителни тестирања на коронавирус.

Емил Павлов

Од нашата селекција во борби и кати ќе има 12 претставници. Тиe веќе се пристигнати во Дубаи.

Жарко Арсовски

Натпреварувачкиот дел започнува во вторник, а македонскиот состав е предводен од носителите на светски и европски медали Жарко Арсовски, Емил Павлов и Берат Јакупи во машка, и олимпијката Пуликсенија Јованоска во женска конкуренција.

Македонски натпреварувачи пријавени за настап на СП во Дубаи се :

Борби мажи:

Фаик Весели (– 60 кг),

Емил Павлов (-67 кг),

Петар Заборски (-75 кг)

Берат Јакупи (-84 кг),

Жарко Арсовски (+84 кг),

Кати мажи:

Александар Неделковски

Борби жени:

Сара Радичевска (-50 кг),

Јована Георгиевска (-55 кг),

Вероника Костовска (-61 кг),

Ангела Мојсовска (-68 кг),

Симона Симовска (+68 кг)

Кати жени:

Пуликсенија Јованоска.

Штип е горд што има двајца учесници на Светско првенство, се надеваме на повеќе освоени медали.

 

 

 

 

 

Предизвиците на боречките вештини преку призмата на поранешниот државен првак
Во Виница свечен пречек за бронзениот кик-боксер Лука Змејковски