ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
24.06.2022
Свидетелствата пак доцнат, надлежните бараат оправдувања

Свидетелствата и годинава доцнат, основците и средношколците нема да ги добијат на крајот на јуни. Од Бирото за развој на образованието се повикуваат на законските одредби според кои доделувањето на свидетелствата се одвива до крајот на учебната година, а тоа е до август.

Така, уште еднаш се потврдува дека и образованието, како и многу други области, ни е „заплеткано“ во бирократија и процедури. Уште повеќе, се потврдува дека за секоја недоследност, за секој пропуст, надлежните успешно си наоѓаат оправдување. Така, тоа што ситуацијата се повторува, и се гледа дека ништо не се променило од минатата година, не се научило од грешките, не ги загрижува надлежните. Тие не паѓаат на грб, не признаваат грешка, туку бараат оправдување.

За доцнење на документите, виновен тендерот!

Едноставно, не е важно што учениците не ги добиваат свидетелствата на време, како што со години било, во јуни, свечено на крај на годината, туку важно е да се најде членот од законот кој вели дека всушност крајот на годината не е во јуни! Ни ронка чувство на одговорност, туку наметнување дека ненормалното е нормално. Виновен е тендерот, бил распишан уште од февруари и уште е во тек. Тоа што некој не размислил дека тендерите кај нас се развлекуваат, никому ништо.

Слободно можеме да очекуваме и догодина да се случи истото, оти „учебната година трае до август“. И редица оправдувања, кои само потврдуваат дека системот ни е инертен и остава простор за неработење, негрижа, но и простор за бегање од одговорност. И за жал, ова не е случај само за оваа побласт – ова е слика на нашиот систем, на нашето птрактикување на власт, на руинираните институции, наполнети до крај со партиски војници, кои немаат поим што и како треба да работат. Од примерите кои потвтрдуваат, да потсетиме само дека минатата година имавме катастрофални пожари и канадери кои не беа сервисирани и не можеа да се употребуваат. Година подоцна, високите температури се тука, како и опасностите од пожари, а кандерите уште не се сервисирани. Толку е приказната за егфикасноста и способноста на нашиот систем.

Свидетелствата до крајот на август, до тогаш трае учебната година, се правдаат од БРО

По иницирањето на темата, од Бирото за развој на образованието објавија дека во тек е тендерска постапка за избор на фирма која ќе ги печати. Зекирија Хасипи, директорот на Бирото за развој на образованието, за Мета изјави дека ова воопшто не претставува проблем и уверува дека учениците ќе ги добијат потребните документи до крајот на учебната година, која законски трае до кајот на август.

„Бирото, согласно сите законски процедури и рокови спроведува транспаретна набавка за печатење на целата педагошка документација, започната уште од месец февруари 2022 година. Ние испративме допис до сите училишта во кој, информиравме дека доделувањето на свидетелствата на учениците и оваа учебна година, согласно член 50 став 1, член 138 став 5 од Законот за основно образование, како и член 23, став 2 од Законот за средно образование, ќе се одвива до крајот на учебната година, месец август“, вели Хасипи за Мета.

Тој исто така изјави дека свидетелствата за учениците на кои им беа потребни за упис во средно, односно високо образование се веќе доделени, а исто така, тие ќе бидат обезбедени и за учениците кои имаат итна потреба од свидетелство поради преселба или продолжување на школувањето во странство.

Одлични ученици насекаде, освен на меѓународните тестови!

Инаку наставниците веќе ги заклучија годишните оценки во електронскиот дневник откако завршија наставничките совети. Наставниците за прв пат годинава пишуваа оценки и водеа друга евиденција само во електронскиот дневник, бидејќи печатениот е исфрлен од употреба.

Надлежните размислуваат за во иднина да овозможат да се издаваат свидетелства во електронска форма, која би била веродостојна електронска верзија на документот, како што е на пример, потврдата за ковид.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?