Студентското здружение за Молекуларна медицина (СЗММ) ја организира својата прва панел дискусија која е насловена „Интеграција на молекуларната медицина во секојдневната пракса“. Станува збор за сертифициран настан на кој панелисти ќе бидат Проф. Д-р Татјана Рушковска, проф. Д-р Катерина Кубелка – Сабит и проф. Д-р Сотирија Дувлис. Настанот ќе се одржи на 25 јануари 2025 година во 12.00 часот во свечената сала на Земјоделскиот факултет на УГД (Кампус 2) .
Настанот можат да го следат сите заинтересирани студенти, а пријавувањето е на следниот линк https://mmss.different.com.mk/
Студентско Здружение за Молекуларна Медицина (СЗММ) е студентска организација посветена на унапредување на знаењето и поттикнување на соработката областа на молекуларната медицина.
Основано во 2024 година од Филип, Стојче, Сара, Ивона и Сара — студенти по медицина на Универзитетот Гоце Делчев во Штип.