ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
06.04.2022
СЗО: Се намалува стапката на смртност од Корона вирусот
Автор: Goce Author

Според СЗО, стапката на смртност од коронавирус е намалена за 43 отсто во изминатата недела.

„По зголемувањето забележано во првата половина на март, бројот на нови случаи на ковид-19 опаѓа втора недела по ред, со 16 отсто помалку случаи во неделата од 28 март до 3 април во споредба со неделата претходно. “, соопшти СЗО во неделниот епидемиолошки преглед.

Во периодот од 28 март до 3 април имало вкупно 10.351.818 нови заразени и 26.285 починати, пренесе Тас.

Бројот на нови инфекции е намален во сите шест глобални региони на СЗО, особено во Африка (19 проценти), Европа (16 проценти), Западен Пацифик (16 проценти), а бројот на смртни случаи е намален – особено во Југоисточна Азија, дури и 73 проценти и во Америка – 63 проценти.

Најголем неделен број на нови случаи на инфекција е забележан во Јужна Кореја, а потоа следат Германија, Франција, Виетнам и Италија.

Податоците на СЗО се рефлектираат и во Македонија – намалена смртноста од Корона

Ситуацијата е слична и во Македонија, продолжува намалувњето на бројот на заразени, хоспитализирани и починати од КОВИд-19, покажува неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 28 март до 3 април 2022 година.

Тестирани се 14.873 материјали, а регистрирани сe 1.602 нови позитивни случаи од 30 градови во државата, што е намалување од 5,4% во однос на претходната седмица. Процентот на позитивност се движи од 4,2 % до 12,5%, просечно 10,2%.

Истражување: Како лажните вести лесно создадоа страв кај младите од вакцините?

Пријавени се 12 смртни случаи во 8 градови со датум на смрт во текот на изминатата недела
(28.03-03.04.2022), за 45,5% помалку во однос на претходната недела (n=22). Најголем дел од
нив се од Скопје (3). Во однос на возраста, регистрирани се 11 починати од возрасната група
над 60 години и еден починат од возрасната група од 50-59 години.

Според извештаите од болниците, моментално се хоспитализирани 71 лица (13,4% помалку во
споредба со претходна недела), од нив 27 се на кислородна поддршка (18,2% помалку во
споредба со претходна недела), а 5 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација (за 4
повеќе во споредба со претходна недела).

Заклучно со 3 април 2022, вакцинирани се вкупно 873.114 лица со барем една доза на вакцина против COVID-19 во државата и странство. Комплетно вакцинирани (со две дози) се вкупно 853.501 лица, а со трета доза се вакцинирани 154.693 лица.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?