
Photo by Engin Yapici on Unsplash
Пандемијата принуди многумина од нас да направат големи промени во животот – без разлика дали станува збор за преселба , менување на навики, прилагодување на нови начини на работа или нешто друго. Но, дали некогаш сте размислувале да се преселите во друга земја?
Со многте отворени можности за работа онлајн, на интернет, работата од друга земја никогаш не била полесна. Во последно време, терминот „дигитален номад“ стана многу популарен, па многу земји се обидуваат да привлечат такви луѓе.
Во секој случај, без разлика дали барате сосема нова кариера, или работите во компанија во која не е важно каде сте физички, изборот на вистинската локација е клучен доколку барате правилен баланс во животот. Тоа секако, доколку се одлучувате да направите таков голем чекор 0- да се преселите и да работите во друга држава.
Повикувајќи се на студија објавена од Expat Insider, која ги анализира условите во 59 земји, спроведена со оние кои живееле во тие земји, најлошата земја за работа за странци е Турција. Следна, малку неочекувано, е Италија, а трети најлоши на оваа листата се Кипраните.
Сандра Ѓоргиева: Денес сме блиску до филмската индустрија на запад
Најголем проблем во Турција е нестабилноста на локалната валута, па некои кои дошле да работа всушност заработиле многу помалку отколку што очекувале и планирале.
Исто така, во Турција дури 32 отсто од вработените се незадоволни од бројот на работни часови, што е двојно повеќе отколку на глобално ниво. Што се однесува до Италија, главно незадоволство е перспективата, а економијата не е на завидно ниво.
И кога зборуваме за најдобрите земји за работа на странци, на прво место е една азиска земја – Тајван. Дури 81 процент од вработените се задоволни од сигурноста на работното место, а речиси 9 од 10 вработени изразуваат задоволство од економската состојба. Исто така, испитаниците се задоволни од работното време. На второ и трето место се Нов Зеланд и Чешка, па ако не сакате да завршите на крајот на светот, во ред ќе биде да одите на работа во Прага.