Вечерва во 20 часот во Македонскиот народен театар во Скопје ќе настапи култната танцова компанија на Марта Греам од Њујорк. Ова е една од најстарите светски современи танцови компании. Марта Греам е вборена во една од уметничките икони на 20 век, во друштво на Стравински и Пикасо. Прогласена е за „Танчерка на векот“ од страна на списанието Тајм. Претседателот Форд ù го доделува на Марта Греам највисокото цивилно признание на Соединетите Држави „Претседателскиот медал на слободата“, и ја прогласува за „национално богатство“, во 1976 година со што станува првата танчерка и кореограф што ја добива оваа чест.
Во соработка на млади танчери од Скопје и Софија вечерва ќе биде изведена кореографијата „Панорама“. Дел од младите танчери се од Катедрата за танц при универзитетот „Гоце Делчев“ раководени од проф. д-р Рисима Рисимкин, а другиот дел се од националната школа за уметност од Софија, под раководство на проф. Галина Сребрева и ДМБУЦ – Балетски оддел, под раководство на проф. Слаѓана Спасеновска.