ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
04.07.2025
Танцова претстава „АЈДЕ!“ со премиера во Штип: Приказна за љубов, традиција и слобода

Во понеделник, на 7 јули, со почеток во 20:30 часот, во НУЦК „Ацо Шопов“ во Штип ќе се одржи премиерата на танцовата претстава „АЈДЕ!“, која тематски се потпира на богатото музичко наследство на ромската заедница.

Претставата ја обработува симболиката на Едерлези (Ѓурѓовден) – празник кој ја слави природата, новиот живот, пријателството и заедништвото. Во тој контекст, на сцената се прикажува интимна приказна за неостварена љубов во патријархална средина, преку која се отвораат прашања за личната слобода, општествените норми и вредноста на животот во современото општество.

„АЈДЕ!“ е авторско дело на кореографите Игор Киров и Бојан Мицев, со драматургија на Ана Ристоска Трпеноска. Во претставата настапуваат танчерите Јована Зајкова, Лука Ѓорѓиевски, Илијана Данилов, Нина Петрушевска, Андреј Димоски и Бојана Арсовска. Видео-делот е изработен од Мартин Михајлов и Марсбен Продукција.

Проектот е во продукција на Motion Network од Штип и ко-продукција на НУЦК „Ацо Шопов“, во соработка со ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“. Поддршка за претставата е обезбедена од Министерството за култура и туризам, Општина Штип и ЕАМ Штип.

Влезниците се достапни по цена од 300 денари, а резервации може да се направат на телефонските броеви: 071/394-517, 070/729-430 и 070/933-002.

Правниот факултет од Штип организира бесплатни обуки за јавно говорење
Крводарителска акција во Штип по повод денот на Извидниците