ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
03.04.2024
Текстовите на песните стануваат се побанални
Автор: Goce Author

Текстовите на песните во последните четири децении стануваат сè поедноставни. Истите зборови се повторуваат почесто, текстовите почесто зрачат со гнев и самоопсесија, покажуваат резултатите од истражувањето.

Ако ви се чини дека песните некогаш биле подобри, не го оправдувајте тоа само поради вашите години, не е само затоа што „стареете“.

Европските истражувачи ги анализирале зборовите во повеќе од 12.000 песни на англиски јазик во неколку жанрови од 1980 до 2020 година.

Забележана е повторливост и сè поизразена едноставност на стиховите. Текстовите, исто така, станаа повеќе лути и опседнати со себе во текот на изминатите 40 години. Со тоа студијата, ги поддржа ставовите на намќорните старечки обожаватели на музика низ целата планета.

Тим европски истражувачи ги анализираа стиховите на песните на англиски јазик во рап, кантри, поп, R&B и рок жанрови објавени помеѓу 1980 и 2020 година.

Нема „Греми“ за музика која не е создадена од човек

Научниците во студијата истакнале дека легендарниот американски кантавтор Боб Дилан ја добил Нобеловата награда за литература.

Водечката авторка на студијата Ева Кангерле, експерт за системи за препораки на австрискиот универзитет во Инсбрук, одби да издвои понов уметник кој има едноставни стихови.

Текстовите денес полни со гнев и самоопсесија

Сепак, таа нагласи дека текстовите можат да бидат „огледало на општеството“. Одразува како вредностите, емоциите и преокупациите на културата се менуваат со текот на времето.

„Она што исто така бевме сведоци во последните 40 години е драстична промена во музичкиот пејзаж – од начинот на кој се продава музика до начинот на кој се создава музика“, истакна Кангерле.

Во текот на четирите децении што се анализираа, имаше неколку пресврти во начинот на кој луѓето слушаат музика. Записите и касетите од 1980-тите го отстапија местото на ЦД-ата во 1990-тите, а потоа доаѓањето на Интернет доведе до денешните платформи за стриминг.

За потребите на студијата објавена во списанието Scientific Reports, истражувачите ги анализирале емоциите изразени во стиховите, следеле колку различни и комплицирани зборови се употребени и колку често се повторуваат.

„Во сите жанрови, стиховите станаа поедноставни и поповторливи со текот на времето“, резимира Ева Кангерле.

Гнев, тага и „јас и јас“

Резултатите ги потврдија и претходните истражувања. Тие покажаа намалување на позитивните, радосни текстови и зголемување на оние кои изразуваат лутина, гадење или тага.

Текстовите исто така станаа поотворени за самоопсесија, со зборовите како „јас“ или „мое“ станаа многу попопуларни.

Првите 15 секунди пресудни дали ќе ја слушаме песната

Во овие четири децении најмногу се зголемил бројот на повторени стихови во рап музиката, прецизира д-р Кангерле.

Според неа, хип-хопот станува се полут и води во споредба со другите жанрови.

Истражувачите, исто така, сакаа да утврдат кои песни ги бараат обожавателите на различни жанрови на страницата за текстови Genius.

За разлика од другите жанрови, љубителите на рокот најчесто бараа текстови на постари песни, а не нови хитови.

Музиката може да лечи физичка болка?

Популарноста на рокенролот е намалена во последниве децении. Тоа би можело да сугерира дека обожавателите се свртуваат кон песните од времето кога жанрот бил на својот врв, наместо кон песните од актуелните бендови.

„Друг начин на кој музиката се промени е дека првите 10-15 секунди се одлучувачки дали ќе прескокнеме песна или не“.

Претходните истражувања, исто така, покажаа дека луѓето во денешно време попасивно слушаат музика, пуштајќи ја додека прават нешто друго. Едноставно кажано, песните каде што најголемиот дел од рефренот оди на повторување на едноставни текстови се чини дека се попопуларни.

„Денес стиховите треба полесно да се запомнат бидејќи се направени за да не бидат тешки за паметење. Тоа често ми се случува кога слушам радио“, заклучила Ева Кангерле.

Вештачката интелигенција и лекувањето на вируси
Претставата „Се случи еднаш во Женева“ со премиера во Народниот Театар Штип