ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
17.02.2023
Телефонот за помош на деца и млади ѕвони се почесто – младите со нарушено ментално здравје
Автор: Goce Author

Врсничко насилство, закани и страв од хакери, емоционална вознемиреност, загрозени детски и младински права – ова се најчестите проблеми поради кои се` поголем број деца и млади бараат стручна помош и заштита.

Телефонските линии на првата детска амбасада „Меѓаши“ се` почесто ѕвонат, откако како последица на пандемијата  се` поголем број деца се жалат на проблеми со менталното здравје. Минатата  година Ало Бушавко-телефонот за помош на млади и деца ѕвонел 357 пати за разлика од порано. Од Меѓаши информираат дека расте бројот на деца кои сами побарале помош.

Статистиката вели дека од вкупниот број на деца коишто се опфатени со дојавите – 450, најголем број се соочувало со проблеми со менталното здравје.  „Најчеста причина за јавување е проблем што се однесува на ментално здравје (35% од сите забележани проблеми), потоа повреда (25%), семејни односи (17%), па пристапност (12%). Со помала застапеност учествуваат и категориите на проблеми поврзани со училиштето (7%) и дискриминација и ексклузија (3%)“, посочуваат од детската амбасада. Во врска со случаи за исчезнување на деца се 11 проценти од дојавите.

www.alobushavko.mk e проект на Меѓаши каде младите и децата можат да адресираат дел од своите проблеми.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?