ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
14.09.2022
“The Crown” ја зголеми популарноста по смртта на Кралицата
Автор: Goce Author

Во последните неколку дена, поточно по смртта на кралицата Елизабета Втора, серијата „The Crown“ (The Crown) ја зголеми популарноста на Нетфликс.

Според FlixPatrol, „The Crown“ е втората најтрендирана серија во светот, веднаш по серијата „Cobra Kai“.

Серијата моментално е во топ 10 серии на Нетфликс во 72 земји низ светот, а нејзината популарност порасна по смртта на кралицата Елизабета Втора.

The Crown почна да се емитува во 2016 година и е базирана на вистински настани од животот на кралското семејство.

Сценариото го следи владеењето на кралицата, од абдикацијата на нејзиниот вујко до нејзиното крунисување по смртта на нејзиниот татко и понатаму, по нејзиниот живот.

Новиот британски крал Чарлс Трети „богат“ со гафови

Сценаристот Питер Морган изјави дека „Круната“ е љубовно писмо до кралицата и дека одлучиле засега да го паузираат снимањето на новата сезона. Британските медиуми објавија дека снимањето продолжило неколку дена по смртта на кралицата, но тоа се уште не е потврдено.

Петтата сезона треба да се појави во ноември оваа година.

За прв пат ќе има нова актерска екипа, а кралицата ќе ја игра Имелда Стаунтон. Многумина нетрпеливо ја чекаат новата сезона, бидејќи таа треба да го покаже понатамошниот развој на врската меѓу Чарлс и Дијана, како и смртта на принцезата од Велс.

Млади инженери од Северна Македонија упатуваат искрена божиќна честитка до инженерите ширум светот
Каде најпрво, а каде најпоследно во светот се дочекува Новата Година?