ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
09.10.2021
The Zodiac killer-Дали е конечно пронајден?

 

Фото New York Post

Љубителите на криминални документарци се сигурно запознаени со името и грозоморните чинови на серискиот убиец кој себеси се нарекувал Zodiac. Неговото дело се смета за еден од најпознатите нерешени случаи за убиство во Америка. После години истражување и многу “слепи улички”, во средата, тим од независни истражувачи излезе во јавноста со соопштение дека пронашле трага од фамозниот убиец.

Убиецот Zodiac, кој бил активен во доцните 60-ти години, е поврзан со  5 потврдени случаи на убиство, но се смета дека бројката на неговите жртви е 37.  Повеќе од 5 децении трае потрагата по него и досега се познати само неговите писма кои ги праќал во весникот “Bay Area” и скицата направена од сведок. Тим од 40 волонтери-истражувачи на случајот, велат дека новите физички и форензички докази го поврзуваат убиецот со Гери Френсис Посте. Меѓу новите тврдења се и сличностите помеѓу Посте и полициската скица на Zodiac од 1969 година, и особено големата сличност на лузните на нивните чела. Непобитна трага биле и  дешифрираните симболи во писмата на  Zodiac за кои откриле дека содржат анаграми за името на Посте.

Во своето соопштение за медиумите, неофицијалната истражувачка група рече дека „поднела судски потврди и обезбедила слики од поранешната темна соба на Посте“ за да ги поткрепат наводите. Но, агенциите за спроведување на законот ги отфрлија нивните тврдења. Локалната полиција во Сан Франциско и Риверсајд, исто така, ги отфрли „доказите“ на групата. А, според FBI, случајот сѐ уште се води како отворен.

Овие убиства инспирираа два филма – “Zodiac” од 2007 годинa и “Dirty Harry”во 1971 година, но и неколку книги. Па доколку сакате да дознаете нешто повеќе, препорачуваме да ги погледнете.

Клучното прашање поставувано со децении е “Што го прави овој убиец толку недостижен за полицијата и после сите овие години?”

Која е Барбара Буч, контроверзната личност од отворањето на Олимпијадата
Актерот Џејмс Корден прекина претстава за де се гледат пеналите на Англија