ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
15.12.2022
TikTok забранет на службените телефони во САД
Автор: Goce Author

Американскиот Сенат усвои закон со кој им забранува на федералните вработени да ја користат апликацијата за социјално вмрежување TikTok на службени телефони во државна сопственост. За да стапи во сила, законот мора да биде одобрен и од Претставничкиот дом.

Новиот закон е најновиот потег на американските сенатори во борбата против кинеските компании и стравувањата дека Пекинг би можел да ги користи нивните апликации за да ги шпионира американските граѓани, објави Ројтерс.

Американскиот Сенат усвои закон со кој се забранува употреба на Тик-Ток на официјалните телефони на американската влада

Претходно оваа недела, сојузните држави Северна Дакота и Ајова го забранија Тик-Ток на канцелариските телефони. Со тоа се приклучија на Алабама и Јута кои веќе го сторија тоа. Слични потези најавуваат и Тексас, Мериленд и Јужна Дакота.

За време на претходната сесија на Конгресот, Сенатот одобри нацрт-закон во август 2020 година за забрана на TikTok на уредите во државна сопственост, а републиканскиот сенатор Џош Хејли повторно го воведе минатата година.

Претходно, многу федерални агенции, вклучително и Одделите за одбрана и домашна безбедност и Стејт департментот, ја забранија употребата на Тик-Ток на официјалните телефони.

TikTok отстранил само 1 % видеа поради кршење на правилата

Bytdance, компанијата која е сопственик на Tik-Tok, објави дека загриженоста на американската администрација главно се должи на дезинформации и дека се подготвени да се сретнат со американските пратеници за да разговараат за работењето на компанијата.

„Разочарани сме што толку многу земји се приклучија во одобрувањето закони засновани на неосновани лаги за TikTok кои нема да ја унапредат националната безбедност на Соединетите држави“, се вели во соопштението.

За законот да биде потпишан од претседателот Бајден, по што би стапил во сила, треба да го изгласа Претставничкиот дом.

Пилула за слабеење наместо напорно вежбање?
Какви ќе бидат политиките на Трамп кон Балканот?