ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
13.10.2023
„Тиранија“ на мршавост владее во светот на модата
Автор: Goce Author

И покрај тврдењата дека во модата,  модната индустрија, се повеќе има модели со облини, податоците покажуваат дека тоа е само „бонбона за очи“. И иако во последните години мал број плус-сајз модели, како Палома Елсесер, добија медиумско внимание, бројките покажуваат дека тие сè уште се во малцинство.

Вог Бизнис прегледа дури 9.137 облеки прикажани на 219 модни ревии одржани минатата сезона во Њујорк, Лондон, Милано и Париз и откри дека само 0,6 отсто биле плус големина – дефинирани како големина 14 или над 14, што всушност е просечна големина што ја носат повеќето жени во САД, а само 3,8 проценти биле големини од 6 до 12.

Тоа значи дека 95,6 отсто од облеките биле претставени во американски големини од 0 до 4.

Професорот по модна социологија во Милано, Паоло Волонте, тврди дека брендовите користат неколку модели со плус големина за да избегнат критики.

– Тоа е бонбона за очи, рече тој за АФП, споредувајќи го феноменот со циничен „манипулативен зелен маркетинг или еко-манипулација, каде што индустријата е обвинета за празни климатски ветувања“.

– Тие користат модели со облини во нивните кампањи за да покажат инклузивност. Но тоа го прават само за да го зачуваат системот заснован на тиранијата на тенки идеали, рече Волонте.

Денешната мода носи притисок на „мршавост“ за моделите

Дваесетгодишната студентка по право, која е и модел, Екатерина Ожиганова, тврди дека луксузните брендови едноставно „одбиваат да ги претставуваат обичните луѓе.

На жените кои носат средни големини обично им се кажува да изгубат тежина или да зголемат до големина XL.

Image by Freepik

Групата на активистката Екатерина Ожиганова, која работи под името Модел закон, направила анкета според која 9 од 10 манекенки изјавиле дека се под притисок да ја сменат тежината, а повеќе од половина од нив тоа го доживуваат секојдневно.

Тешко им е да зборуваат за тоа, рече таа. „Ако се жалите, сите ќе ви кажат: „Душо, тоа е твоја работа“.

Волонте објаснува како оваа опсесија со тенкоста започнала со појавата на техниките за индустриско производство.

Поскапо е да се пшроизведува облека со поголеми димензии

Дизајнерите се користи за да се создаде облека специфична за поединец. Во ерата на масовно производство се користат помали шаблони кои се зголемуваат на поголеми димензии.

Gucci лансираше модна линија за домашни миленици

Ова функционира до одредена големина, по што маснотиите и мускулите можат да го променат обликот на телото на сложени начини.

– Многу е поскапо да се произведуваоблека во поголеми димензии, а за тоа е потребна поголема стручност, објаснува Волонте.

Во исто време, тенкоста стана цврсто поврзана со изобилството, бидејќи човек треба да има време и пари за да работи на сопственото тело, а овој стремеж е длабоко вкоренет во рекламирањето и секојдневната практика на модната индустрија.

Од 2000-тите, кога моделите со големина 0 предизвикуваа стравувања дека анорексијата ќе биде поттикната кај младите, се прават напори да се промени оваа ситуација.

 

 

Image by Freepik

Дизјанерите велат – модата останува мода

Од 2017 година, Франција бара моделите да поминат медицински прегледи. Двата најголеми луксузни конгломерати во земјата, LVMH и Kering, потпишаа повелби со кои престануваат да користат модели со големина 0.

Но, имајќи предвид дека големините варираат од една до друга марка, такво нешто тешко се применува.

Од текстилен отпад до дизајнерски модни парчиња

Дизајнерот Мохамад Аши тврди дека прашањето за големината е сè уште чувствително.

– Не се обидуваме да го избегнеме, но од производствена перспектива не можеме да произведуваме фустани во поголеми димензии. Го продаваме она што го прикажуваме и лично ги познавам нашите клиенти. Тоа е само работа, изјави тој за АФП.

Дизајнерот Џулиен Фурни користи трудници како модели. Неговата омилена манекенка, Михаела Томанова, „во секој дел од телото е шест сантиметри поширока од останатите.

Сепак, тој тврди дека „модата останува мода. Тоа е свет на фантазија и никогаш нема суштински да се промени“.

14 држави го тужат TikTok
Сиромаштија опфаќа над 120.000 деца во Македонија