ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
27.10.2021
Топ 10 најчитани книги во светот

Photo by Susan Q Yin on Unsplash

Октомври е месец на книгата, а од анкетите кои често имаме на нашиот инстаграм профил Goce.MK (@goce.mk) • Instagram photos and videos сфативме дека многу од вас го сакаат пишаниот збор. Тогаш бидете наши гости и дозволете да ве прошетаме околу целиот пат наречен „книга“ и неговото значење.

Прочитај исто и: Гоце.мк – Препорака – книги кои сигурно ќе го задржат вашето внимание! – (goce.mk)

Книгата е тренинг за мозокот на еден човек, креативен чирак кој служи само за подучување на луѓето ширум светот без разлика на возраста, полот, религијата, карактерот… Накратко, човек со пиштол е помалку влијателен од дете со прочитана книга.

Денеска ќе прочитате кои се најчитаните книги во целиот свет. Ако сте љубопитни да ги дознаете најдобрите романи и книги на сите времиња, тогаш сте на право место.

#1 –  Библија

За некои можеби очекувано, за други сосема чудно ама Библијата е бр. 1 најчитана книга во светот. Библијата е спој од проповедите на Бога и е најпрепознатлива на речиси 85% од светската популација. Познатиот писател James Chapman спровел анкета за најчитана книга и добил одговор дека оваа света книга е најпродавана, најчитана и најбарана од читателите. Достигнала продажба од 3,9 милијарди примероци во периодот од изминатите 50 години.

#2 – Куран

После Библијата можеби и погодивте што следува. Доколку ви текна на Куранот, тогаш сте во право. Во Куранот се испишани зборовите директно до Алах, Богот на муслиманите. Според исламската вероисповед муслиманите го сметаат Куранот како највлијателна форма на Алах во целиот свет. Истражувањата покажуваат дека Куранот не е само најчитана, туку и најрецитирана книга во целиот свет.

#3 – The Quotations from Chairman Mao Tse Tung

Ова мора да признаете дека не го очекувавте. Цитатите на претседавачот Mao Tse Tung е книга во која се сумирани политиките на поранешниот претседател на Комунистичката кинеска партија Mao Tse Tung. Иако на голем дел од вас нема да им се допадне покровителството од некого, оваа книга ги заобиколи сите стереотипни претпоставки искачувајќи се на скала од 820 милиони копии. Книгата стана виртуелна за време на централната револуција и немилосрдно барана од читателите.

Прочитајте исто така: Гоце.мк – За љубителите на книги – пребарајте ги бесплатните страни за читање книги – (goce.mk)

#4 – The Harry Potter Series од J.K Rowling

Верувам дека очекувавте да го прочитате ова. Најпродаваната книга со научно – фантастични делови ги задоволите очекувањата на читателите. Серијата се состои од неколку бајки и не само што го држи рекордот на најчитана книга, туку е и најпреведувана книга на сите времиња со повеќе од над 80 преводи низ светот. Серијата Хари Потер е и една од најпрофитабилните филмски франшизи досега со вкупна заработка до три милиони долари.

#5 – The Lord of The Rings од J.R.R Tolkien

Господарот на Прстените е епска измислена приказна од J.R.R Tolkien и е продолжение на најуспешната книга на сите времиња The Hobbit. На писателот му беше потребна точно една деценија за да ја донесе оваа книга во животен облик која се продаде со повеќе од 150 милиони примероци низ целиот свет. Исто така оваа книга е преведувана на повеќе од 50 различни јазици.

#6 –  The Alchemist од  Paulo Coelho

Сигурно сте слушнале за „Алхемичарот“, само пробајте да се сетите каде. Веројатно нема да ви текне бидејќи сте слушале често за оваа книга и тоа со право, бидејќи е една од најпродаваните книги ширум светот. Најпрво авторот ја напишал на португалски, односно на неговиот мајчин јазик и големата прифатеност од читателите го намамила авторот на официјален превод. Книгата прв пат излезла во продажба во 1988 година и од тогаш ги руши рекордите во читаност. Го следи патувањето на момче – овчар кое сонува за големо богатство под египетските пирамиди, па ако сте завршиле со лов на богатства, тогаш оваа е книгата за вас. Понатаму нема да раскажеме што се случува, само ќе ви препорачаме да ја прочитате. Ќе сфатите дека само вие може да си помогнете за остварување на вашите соништа.

#7 – The Da Vinci Code од Dan Brown

Најконтраверзниот роман на сите времиња ќе се задржи на топ 10 листата уште многу време. Иако сеуште многумина не можат да ја следат оваа мистерија, напишаните зборови во оваа книга го вознемируваат секој еден читател. После првите изданија,  Кодот на Да Винчи како пионир за разни религиозни шпекулации беше забранета во многу држави, но сепак тоа не ја спречи да се најде во листата на најчитани книги на сите времиња. Според истражувањата од оваа книга се продадени над 80 милиони примероци во целиот свет.

#8 – The Twilight Saga од Stephenie Meyer

Приказната за урбаната девојка која се заљубува во 104 годишен вампир ќе ги разбранува сите ваши чувства. И покрај тоа што во книгата и во филмот преовладуваат научно – фантастични елементи, фокусот е во љубовта, дружањето и емоциите. Според статистиката оваа книга е продадена во над 80 милиони примероци низ целиот свет.

#9 – Gone With The Wind од Margaret Mitchell

Млада девојка која се бори да го најде својот пат од сенката на сиромаштијата е она што ја прави оваа книга посебна. Низ што се таа ќе помине и до каде ќе достигне ќе оставиме сами да прочитате. Во Америка оваа книга е втора најчитана по ред, после Библијата, а научниците ја нарекуваат најсовршено усогласен роман во светот на книжевноста. Книгата е објавена во 1938г. и достигнала продажба од над 30 милиони примероци во првата година.

#10 – Think and Grow Rich од Napolean Hill

Оваа книга е прогласена за најмотивациона книга и книга против депресијата на сите времиња. Ако чувствувате ниска самодоверба или не се пронаѓате во општеството каде што сте, тогаш топло ви препорачуваме да ја прочитате. Ќе ви помогне да се прифатите себеси и да бидете подобри од вчера.
За прв пат објавена во 1937г. книгата е една од најчитаните до денеска. Читателите велат дека оваа книга ќе ве разбуди од депресивното сивило и ќе ви покаже дека секогаш вредите и можете подобро од тоа што мислите.

Менталното здравје и студентскиот живот – соочување со предизвиците
(Колумна) Детскиот карцином – најтешката борба што можете да ја замислите!