
Со оглед на фактот дека годинава, Велигден започнува од 14 април, ви даваме предлог од топ 5 дестинации за да ги поминете велигденските празници. Замислете: пролет, Велигден и градови кои совршено ќе испишаат прекрасна приказна!
Не само што Севиља е топла и убава во овој период од годината, туку е и позната по велигденските паради и прослави. Сличен е Априлскиот саем таму, кој никако не треба да го пропуштите!
Доколку никогаш не сте биле во Амстердам, тогаш ова е совршената дестинација за да го поминете Велигден годинава. Градот е познат по таканаречените прослави за Денот на кралот кои се одржуваат во месец април. Тоа се целодневни улични паради во кои уживаат локалните жители, но и туристите кои намерно или ненамерно се нашле таму за да го прославата роденденот на кралот!
Рим, со сигурност, е неверојатно задоволство за време на Велигден. Замислете само да присуствувате на миса на плоштадот „Св.Петар“ во Рим… Прославата на Велигден е незаборавна во Рим. Само, бидете подготвени на многу турканици со толпата, но и тоа е дел од забавата!
Лондон е убав во секој период од годината, но во пролетта сѐ си доаѓа на свое место. Надворешните делови и градините во пабовите се отворени, а уличните продавачи на храна се речиси на секое ќоше од градот со нивните комбиња. Ќе бидете пресреќни ако фатите малку сончеви зраци додека уживате во англиски чај или кафе!
Photo by Lucas Davies on Unsplash
Гоце.мк – Најпопуларни дестинации кои носат среќа! – (goce.mk)
Можеби сакате прекрасен романтичен одмор за време на Велигден? Тоа подразбира совршена љубов, многу светлина и еден куп знаменитости токму во Париз! Совршено за да се одморите и да ги наполните батериите до летото!
Photo by Paul Gaudriault on Unsplash