ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
23.02.2023
Топ 5 веб страни кои ќе ви го олеснат учењето

Иако понекогаш учењето значи посветување многу време на материјалот и жртвување на неколку забави и излегувања, сепак тоа не мора секогаш да биде така. Овие 5 веб страни ќе ви помогнат да го скратите времето за учење и преку забава и интеракција да ги запомтите клучните работи од материјалот.

  1. WolframAlpha

WolframAlpha е апликација која одговара на прашања во областа на математиката и физиката, хемијата, биологијата, инженерството, економијата, астрономијата, статистиката и многу повеќе. Алгоритамот работи на принцип на пресметување на задачи и проблеми со дадени податоци. Оваа веб страна може да ви помогне доколку вашата област и предмет опфаќаат решавање на многу задачи и проблеми.

  1. Academic Earth

Academic Earth е веб страна на која може да најдете многу бесплатни онлајн курсеви од реномирани универзитети во САД како Harvard University, Princeton University, Stanford University и многу други.Овие курсеви се прикладни за студенти и опфаќаат повеќе области. Некои од курсевите кои се достапни на оваа страна се од областа на економија, биологија, хемија, психологија, математика, медицина.

  1. StudySmarter

Оваа страна помага во организирањето на материјали за учење, но и во активното учење преку создавање на Flash картички и белешки во рекордно време. Исто така е овозможен и пристап до споделени студиски материјали, како и учебници од водечки издавачи ,а може да креирате и персонализиран план за учење.

  1. GetBodySmart

GetBodySmart претставува страна која нуди целосно анимирана и интерактивна еКнига за човечката анатомија и физиологија. Преку сликовито учење и квизови е погодна за студентите на Медицина .

  1. GeoGuessr

GeoGuessr е една од најинтерактивните веб-страници и за деца и за возрасни. Станува збор за географија која ги носи корисниците на патување низ светот и ја предизвикува нивната способност да ја препознаат својата околина. Веб-страницата вклучува учење на јазик, информации за мапи и култура.

Во тек е нов повик за субвенциониран студентски оброк
Претставници на студентите од УКИМ бараат од МОН да се преразгледа бројот на стипендии за студентите на општествените науки