ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
31.05.2022
„Top Gun: Maverick“ руши рекорди во првата недела прикажување
Автор: Goce Author

„Top Gun: Maverick“ на Paramount Pictures заработи рекордни 134 милиони долари за време на својот премиерен викенд во нешто повеќе од четири и пол илјади северноамерикански кина.

Фото: You tube

До крајот на четиридневната празнична пауза во САД, според проценките на мерната компанија „Комскор“ се очекува блокбастерот да заработи 151 милион долари.

Акциониот филм „Top Gun: Maverick“ на тој начин стана филмот што го постигна најголемиот успех на бокс-офисот во неговата досегашна кариера за холивудскиот ветеран Том Круз, кој ја повтори својата култна улога од филмот „Top Gun“ од 1986 година.

Апостоловски: Вучиќ направи повеќе од ДОБРА РАБОТА со цената на бензинот, живее за политика! (ВИДЕО)

Досега, долгоочекуваното продолжение на бокс офисот ги урна прогнозите кои предвидуваа дека филмот ќе заработи 130 милиони долари до крајот на продолжениот викенд.

Треба да се има на ум дека оригиналниот Топ Ган доминираше и на бокс офисот кога пред повеќе од три децении, на врвот на раната кариера на Круз, тој заработи 8,1 милиони долари.

Во режија на Џозеф Косински, „Top Gun: Maverick“ го следи легендарниот Пит „Маверик“ Мичел (Круз) додека тој неволно се враќа во елитната програма Top Gun на морнарицата како инструктор кој ќе научи нова класа пилоти на ловци како да преживеат опасна мисија.

Најдобрите серии на Netflix

Во продолжението глумат и повратникот Вал Килмер како администраторот Том „Ледениот човек“ Казански, како и новодојдените Џенифер Конели, Џон Хем, Чарлс Парнел, Моника Барбаро, Луис Пулман, Џеј Елис, Глен Пауел и Мајлс Телер.

На веб-страницата Rotten Tomatoes, „Top Gan: Maverick“ доби нова оценка од 97 проценти од позитивните критики. Добро се снајде и со публиката што ја анкетираше Cinemaskor, што му донесе рејтинг А плус.

Yoco Join – иницијатива за поактивни млади
Патувачки пропусници за Европа за млади до 18 години