ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
25.01.2022
Топ три кратки серии од кои ќе ве полазат морници

Ако вашето време е ограничено и барате кратки серии, тогаш на вистинско место сте – еве наш предлог за три кои вреди да ги погледнете.  Преостануваат уште многу малку денови од овој месец, а ние топло ви препорачуваме неколку  серии со кои ќе го исполните вашето секојдневие.

The wheel of time
Фото: Den of geek

За сите авантуристи и љубители на научна фантастика и хорор, ова се топ три кратки серии од кои ќе ве полазат морници.

  1. The wheel of time

The wheel of time ја следи приказната за Мојрејн, жена – член на моќната женска организација. Со нејзиниот заштитник, таа бара пет млади селани верувајќи дека еден од нив е реинкарнација на змејот. Ова е вистински избор за вас, ако барате кратка и возбудлива серија.

  1. Dark

Dark е германска серија, во која станува збор за исчезнати деца од германскиот град Винден. Серијата бара голема концентрација, затоа што прикажува многу односи, спој од минато и сегашност и ни открива голема мистерија за четири генерации. Станува збор за научна фантастика, трилер и трагедија, која мора да ја гледате.

„Куќата на змејовите“ – претходник на серијата „Игра на троновите“, презакажана за 2022

  1. The Haunting of Hill house

The Haunting of Hill house е американска хорор/драма серија базирана врз истоимениот роман. Станува збор за група браќа и сестри, кои како деца пораснале во една куќа, која прераснува во проклета и мрачна куќа. Како возрасни, се враќаат во куќата и се соочуваат со духовите од минатото. Најголем број на гледачи ја оцениле како најдобра хорор серија досега.

 

Извор: IMBd

(Колумна) Што е демократија? Сигурно не ова што го гледаме денес
И родителите зависни од мобилните телефони