
Македонските традиции имаат длабоки корени. Земја во која минатото оставило скапоцени траги, а сегашноста уште повеке ги разубавила и оплеменила.
За тоа, како изгледала нашата земја некогаш, дознаваме од раскажувавањето на постарите лица. Тоа е наше културно наследство, кое треба да го негуваме и пренесуваме на нашите поколенија.
Нашата кујна е само уште еден белег на нашата богати традиции. Бидејќи голем број од јадењата кои што биле бележје на Македонија во минатото се консумираат и денес. Македонската храна е една од највкусните во светот. Најомилениот зеленчук во Македонија е црвената пиперка. Од неа се прават и ајварот и лутеницата, едни од најомилените наши деликатеси. Тие се исто така и една од неопходните состојки за нашиот познат деликатес тавче гравче.
Овде се секако и разнобојните пинџури на чиишто мирис и вкус не би можеле да им одолеете никогаш! А пак старите добри баници и пити… Tие не навраќаат на едно друго време, друго место и се најдобар пример за спојот на современото и традиционалното. Исто така и различните чорби од зеленчук, бакарданикот, тараната, пастрамаилијата, туршиите и секако рибите. Сите овие јадења ги краселе нашите трпези и биле најразновидни за време на славите.
Со сето свое богатство изразено преку бројноста и разновидноста на облеките и начинот на нивното украсување, носиите се дел од материјалната култура на Македонскиот народ со вековни традиции.Меѓу наједноставните форми на китење на носиите преставува украсувањето со природни сретства од најблиската околина а невестите на главата носеле венец од бршлен или букет цвеќе. Највпечатлива форма на украсување кај Македонските женски народни носии се украсите со стари метални пари, чија појава е поврзана со раното продирање на стоковно паричната размена во македонското село.
Гајдата, кавалот, шупелката, дудукот, зурлата, двојанката, разните видови на тамбури, тапанот и дајрето се сметаат за традиционални инструменти. Со мали варијации, грнетата, ќемането, удот, лејтата, канонот, тарабуката или дајрето се сметаат за ориентални инструменти и обично се составен дел од ансамблите во ориентален стил наречени чалгии.
Традиционалните инструменти се употребуваат во различни комбинации:
Текстот е изработен од страна на средношколци практиканти од СОУ Коле Нехтенин – Штип, како дел од соработка меѓу ГОЦЕ.МК и средните училишта.
Автори: Антониа Симјоновска и Меланија Панева