
Кампањата на Доналд Трамп соопшти дека тој собрал 7,1 милиони долари од четвртокот кога беше фотографиран во затвор во Џорџија.
Фото: Twitter DonaldJ Trump
Најголем дел од парите се од продажба на предмети со фотографијата на Трамп, како маици, чаши и термоси.
Трамп е ослободен со кауција за да го чека судењето по обвиненијата дека се обидел да ги поништи резултатите од изборите во 2020 година во Џорџија.
Тој, исто така, се соочува со три други одделни обвиненија, од кои две се поврзани со неговите лажни тврдења дека последните избори биле наместени и нападот на неговите обожаватели на Капитол во Вашингтон.
Поранешниот претседател, кој се кандидира за уште еден мандат, ги отфрли обвинувањата и тврди дека судските случаи против него се политички мотивирани бидејќи тој ја води трката за републиканска номинација и можноста за реванш со актуелниот претседател Џозеф Бајден.
https://t.co/MlIKklPSJT pic.twitter.com/Mcbf2xozsY
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) August 25, 2023
Големото медиумско внимание ги обедини неговите фанови, а за тоа говори и фактот што во последните три недели инкасирал дваесет милиони долари.
Веднаш по неговото апсење во Џорџија, неговата кампања собра 4.180.000 долари за само еден ден.