
Некои луѓе мислат дека емоционално зрела личност се гради и се стекнува со вежбање. Иако тоа е делумно точно, вистината е дека емоционалната интелигенција е нешто што недостасува во светот.
Луѓето кои не се емоционално зрели ги обвинуваат другите луѓе за нивните проблеми. Тие се заробени во циклуси на стрес и анксиозност и се саботираат самите себе уште пред да започнат да работат. Тоа најчесто се случува кога човекот има збирка на лоши навики кои му пречат, но не може да излезе од тој лавиринт.

Photo by Aditya Saxena on Unsplash
Ако сакате да станите емоционално зрела личност тогаш мора да научите да ги идентификувате овие навики во вашиот живот и да работите на нивно отстранување. Со тоа ќе откриете дека вашата природна емоционална зрелост не е далеку зад вас.
Критикувањето на другите често е несвесен одбранбен механизам кој има за цел да ги одбрани нашите несигурности. Секој од нас понекогаш е критичен и тоа не е голем проблем доколку станува збор за критика која е добронамерна, но преголемата критика и навиката да се биде критичен кон другите може да доведе до лош резултат.
Една од причините што толку лесно се „паѓа“ на критикување е тоа што критикувањето прави да се чувствуваме добро. Кога ќе кажете дека некој друг е глупав, вие исто така имплицирате дека сте паметни. Кога ќе критикувате некој дека е наивен, имате чувство дека вие не сте наивни. Тоа е доброто чувство дека сте на повисоко ниво од оној кој го критикувате. Добронамерните критики се за подобрување на светот, а не корисните критики се за наметнување на подобро чувство.
Од друга страна, емоционално зрелите луѓе разбираат дека критикувањето на другите е примитивен одбранбен систем. Знаат дека постојат подобри, попродуктивни начини за справување со несигурноста.
„Критиката упатена кон другите е форма на само пофалба кон себеси. Мислиме дека правиме слика која е закачена правилно на нашиот ѕид и упорно сакаме да им покажеме на комшиите дека нивните слики се криви.“ – Fulton J. Sheen

Photo by João Ferreira on Unsplash
Како луѓе секогаш копнееме за ред и сигурност и сето тоа е во ред доколку се преземаат разумни чекори со кои се креира сигурноста. Наспроти тоа, постојат хронично загрижени луѓе за иднината кои се преплашени од независноста, па постојано размислуваат за тоа што ќе се случи, со надеж дека ќе може да имаат контрола врз тоа. Тие живеат во илузија дека размислувањето секогаш е решение на проблемите и планирањето води до поголема подготвеност. Но, тоа не е точно.
Ако само се грижите за еден проблем, тоа не гарантира дека размислувате продуктивно за решавање на истиот. И само затоа што планирате – поминувате низ безбројни идни сценарија – не значи дека сте доволно опремени за да го решите проблемот. Грижата едноставно дава илузија на смиреност.
Емоционално зрелите луѓе разбираат дека животот е неизвесен. Тие се соочуваат со реалноста каква и да е и не прават планови за иднината кои можеби нема никогаш да се случат.
Кога ќе престанете да живеете во постојан стрес за тоа што ќе се случи утре, ќе се изненадите колку енергија ќе имате денес. Кога ќе престанете да инсистирате дека работите во светот треба да се случат онака како што вие сакате, денот ќе стане многу поубав.
„Грижата не го празни утрешниот ден, го празни денешниот со целата сила што ја има.“ – Corrie Ten Boom
Нереалните очекувања се погрешен обид да се контролираат другите луѓе. Потребата да се има високи очекувања од луѓето понекогаш ги охрабрува, ама често се манифестира како суптилна форма на контрола. Имате идеја за тоа што друга личност треба да постигне или да направи за да ги исполни вашите очекувања? Со тоа си ја полните главата со приказни кои ако завршат онака како што вие не очекувате, тогаш сте разочарани. И најчесто на разочарувањето се реагира со фрустрација и креирање на уште поголеми очекувања. На крајот обидите за контрола почнуваат да ги чувствуваат луѓето околу вас. Тоа им создава непријатно чувство кое може да ги натера да постапат спротивно од тоа што вие мислите дека е правилно. И секако, веќе го знаете крајниот резултат.
Решението е да се откажете од очекувањата. Престанете да создавате приказни во вашите глави за тоа што треба да направат луѓето околу вас. Наместо тоа емоционално зрелите луѓе се присутни за луѓето кои ги сакаат. Тие не бараат совршени пријатели, туку ги прифаќаат онакви какви што се.
„Тој пливаше во море полно со туѓи очекувања. Така и се удави.“ – Robert Jordan
Ако сакате да ја зголемите вашата емоционална зрелост, пристапете на следниот начин: наместо да се обидувате да ги подобрите вашите вештини на емоционална зрелост, настојувајте да ги идентификувате и елиминирате навиките кои ви стојат на патот.
Не ги критикувајте другите луѓе, престанете да мислите што може да направите за утре да помине според планот во вашата глава и наместо да имате нереални очекувања, прифатете ги луѓето во ваша близина онакви какви што се.