Како дел од Еразмус + проектот SAPE, Факултетот за туризам и бизнис логистика при УГД во соработка со ЦЕФЕ Македонија организира тридневна работилница за развој на бизнис вештини кај младите. Целта на работилницата е поттикнување на претприемачкиот дух кај младите, нивно оспособување за започнување и водење на бизнис активности и развој на соодветни бизнис вештини.
Работилницата ќе се реализира во деновите 11,13 и 15 декември 2023 (од 9 до 16 ч.), во просториите на Факултетот за Туризам и Бизнис логистика на Кампус 4 во Штип.
По завршување на работилницата учесниците ќе добијат Сертификат.
(Во случај на поголем број на пријавени кандидати селекцијата ќе се прави по принципот „прв дојден,прв услужен“)
Пријавувањето е во тек.
Сите заинтересирани студенти можат да се пријават на следниов линк: