ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
10.08.2023
Тунис, главна атракција за младите оваа година

Според туристичката агенција We Travel , Тунис после 12 години е нова дестинација на пазарот која е доста популарна кај младите поради убавите песочни плажи кои ги нуди и достапните цени. Покрај можноста за плажи, Тунис нуди и повеќе атракции од типот на јавење камили, бродски тури , посета на познати знаменитости како што се остатоците од античката Картагина, римскиот амфитеатар во El Jem, Националниот музеј Бардо со најголемата колекција на римски мозаици, потоа извонредната архитектура со Арапско-Андалузиски стил и вредните културно-историски споменици во сликовитиот град Sidi Bou Said.

Фото: Нина Спасова

Дестинација за младите е и Египет

Покрај Тунис, младите како дестинација за летниот одмор ја одбираат и Хургада во Египет поради едно од најживописните мориња кое се нуди, Црвеното море. На овие две дестинации, исто така се нудат и одлични хотели со „се вклучено“ услуга која е пресудна за изборот на младите. Секако и оваа година избор се и добро познатите дестинации во Грција и Црна Гора.

„Традиционално младите патуваат на Касандра и островите Крф, Лефкада и Закинтос во Грција поради забавите, ноќниот живот и нормално убавите плажи и мориња, додека мошне атрактивни и доста посетени дестинации оваа година за млади се Тунис кој има преубави песочни плажи и одлична дводневна пустинска авантура и Хургада, Египет. Да не ја заборавиме и Будва која е доста препознатлива по богатиот ноќен живот преку лето.“, вели Виктор Димитров, сопственик на We Travel.

Виктор Димитров

Откривањето нови дестинации ги привлекува младите во изборот за одмор

Иако влијаат повеќе фактори во изборот на место, како што се цената, квалитетот, забавната програма , сепак младите повеќе сакаат да патуваат на новите дестинации кои се нудат. Совет од Димитров е да обратат повеќе внимание на пакетите кои се нудат и да го изберат оној каде се нуди обезбеден превоз дали авионски или автобус, да има сместување во хотел и да се разгледа услугата која е во делот на исхраната и пијалокот, како најоптимален за добар престој.

Фото: Нина Спасова

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?