
Еден човек од Калифорнија, кој тврди дека бонбоните Skittles содржат „познат отров“ наречен Титанум Диоскид, што ги прави „непогодни за човечка исхрана“, го тужи производителот Марс.
Таа состојка e титаниум диоксид, a e само еден од илјадниците легални прехранбени адитиви во САД. Во својата тужба, Џенил Темс вели дека Марс не ги предупредил потрошувачите за потенцијалните опасности од состојката, која се користи како додаток во бојата во Skittles.
Според Центарот за безбедност на храна, компанијата Марс, во 2016 година соопшти дека постепено ќе ја укине употребата на титаниум диоксид во своите производи во следните пет години.

Photo by Amit Lahav on Unsplash
Титаниум диоксидот е бел, прашкаст минерал кој се користи во различни секојдневни производи, вклучувајќи креми за сончање, козметика, пластика, паста за заби и боја.
Во храната, титаниум диоксидот може да се појави од бонбони и сосови до колачи, чоколади, гуми за џвакање и други слатки како додаток во боја.
Титаниум диоксидот се користи со децении за избелување на одредени видови храна, иако има многу други карактеристики.
Извештајот на Европската управа за безбедност на храна во 2021 година објави дека титаниум диоксидот „повеќе не може да се смета за безбеден“ како додаток на храна.
Агенцијата не можеше да ја исклучи „генотоксичноста“ – оштетување на ДНК – од потрошувачката на честички од титаниум диоксид и дека тие може да се акумулираат во телото, иако апсорпцијата беше мала.
Европската комисија во февруари 2022, одлучи да ја забрани употребата на титаниум диоксид како додаток на храна.
,,Адитивот се акумулира во телото и „секогаш кога има акумулација на нешто што е во толку многу храна, може да дојде до навистина штетни нивоа што предизвикуваат загриженост“, вели Том Нелтнер, хемиски инженер и адвокат.
Тој тип на акумулација може да ја промени ДНК-та, што создава потенцијална загриженост за рак и другите здравствени проблеми.
„Тоа не значи дека титаниум диоксидот е канцероген, тоа само значи дека треба да бидеме внимателни, а фактот дека тој влегува во телото и се задржува во телото е важен“, рече Нелтнер.
Фондот за заштита на животната средина и други невладини организации работат на подготовка на петиција за адитиви за боја – правен начин да се побара од Управата за храна и лекови да го прегледа титаниум диоксидот за безбедност.
Иако агенцијата не може да коментира за судските спорови во тек, агенцијата продолжува да дозволува безбедно користење на титаниум диоксид како додаток во боја во храната под одредени услови, вклучително и количина што не надминува 1% од тежината на храната.
ФДА ги регулира адитивите за храна и бои според Федералниот акт за храна, лекови и козметика, донесен во 1938 година.
Амандманот за прехранбени адитиви од 1958 година значеше дека сите адитиви за храна и бои мора да добијат преглед и одобрение од ФДА.
Над 10.000 хемикалии е дозволено да се наоѓаат во храната и материјалите што доаѓаат во контакт со храната.
„Има многу бонбони кои немаат титаниум диоксид, така што луѓето имаат избор и можат да ја прочитаат листата“, рече Нелтнер.