ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
25.07.2023
Учебната година да започне на 1 септември, со пролетен распуст
Автор: Goce Author

На нешто повеќе од еден месец до стартот на учебната година, се уште се шпекулира со новини во календарот. Според информациите, најверојатно е дека најголемата новина би била воведување на пролетен распуст за учениците, со што и крајот би се пролонгирал.

Варијантата која се најавува е учебната година да започне на 1 септември, но и да се воведе пролетен распуст. За ваков предлог се размислувало и во МОН. Министерот за образование и наука веќе остварил средби со претставниците на Сојузот на средношколците и синдикатите, од каде исто така имало согласнот за ваквиот предлог.

На ваков начин, учебната година би започнала на 1 септември, а би завршила на 15 јуни. Поради пролетниот распуст, зимскиот би бил скратен за три дена.

Сите овие датуми и предлози се прифатливи и за Сојузот на средношколци. Претставникот на средношколците вели, според искуството од европските земји, пролетниот распуст е новина која треба да се прифати бидејќи тоа е период и кога се спремаат за завршните оценки.

Учебната година да започне на 1 септември, а да заврши на 15 јуни

1 септември годинава се паѓа во петок, па така поверојатно е дека стартот би бил во понеделник, 4 септември.

До крајот на неделата од МОН најавуваат дека ќе има официјално одлука за календарот на новата учебна година.

Учебниците догодина навреме, се надева министерот Шаќири

Реакциите на родителите, најчесто на социјалните мрежи, се различни. Некои велат дека решенија се носат без да се консултираат просветните работници и родителите. Други дека имало еден период пролетен распуст, но се покажал како непродуктивен и бил укинат.

Има и несериозни реакции, дека зимскиот распуст треба да се продолжи, и во него да не влегуваат празниците. Колку ваквата реакција е во интерес на учениците, навистина е прашање. Слично е и со реакцијата дека учебната година не треба да започнува на 1 , туку на 15 септември, затоа што се поклопувало со крајот на туристичката сезона.

Казните за злосторства над девојчиња и жени мора да се повисоки
Здравствени политики за сите