ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
13.09.2022
Учебници недостасуваат и во средното образование
Автор: Goce Author

Проблемот со учебници и понатаму актуелен. Покрај во основното, учебници нема и во средното образование.

Со проблем се соочуваат и средношколците, особено оние кои учат во стручните училишта, па им недостасуваат токму учебниците за стручните предмети.

Фото: МОН

Покрај најавата од министерството за образование дека учебниците ќе бидат поставени ан платформата е-учебници од каде учениците ќе можат да ги симнат во PDF фајл, сепак, таму може да се најдат само по неколку учебници по година.

Реакција на оваа состојба дојде од  Сојузот на средношколци. Од таму велат дека на почетокот на учебната 2022-23 година, средношколците биле пречекани од добро познатиот проблем со недостаток на учебници.

Овој проблем е исклучително алармантен, особено во претходните неколку години. Во овој период, Сојузот на средношколци активно ја следи ситуацијата и апелира за нејзиното решавање. Сепак, проблемот е далеку од решен и сѐ уште претставува голема пречка во ученичкото секојдневие – велат од таму.

Годинава забележале зголемен број проблематични случаи во многу од средните училишта ширум државата. Учениците пријавуваат дека добиваат оштетени учебници далеку од употреблива состојба, а во најлош случај, комплетен недостатокот на дел од учебниците.

Најмногу недостасуваат учебници за стручните предмети

Сојузот утврдил дека вакви ситуации се присутни во Скопје, Битола, Велес, Прилеп, Делчево и други градови, дури и во некои од најголемите средни училишта. Проблемот е особено изразен во стручните училишта, специфично за учебниците по стручните предмети, што создава нееднаквост меѓу учениците. Решавањето на проблемот е оставено на самите ученици, кои се принудени да се снаоѓаат со барање на елекотронски форми на учебникот, учење преку слики од врсниците, или најстрашно фотокопирање или набавување на истите на свој трошок, алармираат од Сојузот.

Нова учебна година, стари проблеми!

Сметаат дека ситуацијата е апсолутно неприфатлива и строго ја осудуваат неодговорноста на надлежните институции во нивното справување со проблемот.

Не може незавршената дигитализација да се користи како изговор за немањето на учебници. Апелираме проблемот да биде ставен како висок приоритет и активно да се работи на негово решавање. Ние ќе продолжиме да ја следиме состојбата и ќе ја информираме јавноста за оваа исклучително важна тема. Една од клучните заложби на Сојузот е обезбедување на достапно образование за сите.

Од Сојузот на средношколци се повикуваат на член 44 од Уставот: „Секој има право на образование. Образованието е достапно на секого под еднакви услови. Основното образование е задолжително и бесплатно“.

Казните за злосторства над девојчиња и жени мора да се повисоки
Здравствени политики за сите