ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
04.09.2023
Учебници нема, КЗСД најавува и тужби
Автор: Goce Author

Учебници нема, за Комисијата за заштита од дискриминација ништо не значи што тие се во подготовка. Можна е и тужба против МОН.

За Комисијата за спречување и заштита од дискриминација недостасуваат учебници, а не задоволува објаснувањето дека учебникот е во фаза на подготовка или печатење.

Весна Бендевска

– Согласно препораката на Комисијата МОН требаше да обезбеди учебници по сите предмети, за сите ученици, на сите јазици на кои се изведува наставата во македонските училишта, пред почетокот на учебната година – рече претседателката на Комисијата, Весна Бендевска.

Според претседателката на Комисијата, Бендевска, од извештајот на МОН од прво до деветто одделение потребни се 126 различни учебници, по различни предмети на неколку јазици. Од нив, на почетокот научебната година недостасуваат дури 43 или 34 отсто. За шесто одделение, кои од годинава почнуваат да работат според новата концепција, фалат дури 10 учебници по десет предмети.

На крај на учебната година, основците добија учебник по Македонски!?

Учебници по сите наставни предмети само за прво и второ одделение

Само учениците од прво и второ одделение ќе имаат учебници по сите наставни предмети.

– Учениците од трето оддление ја започнуваат учебната година без ниту еден учебник по сите задолжителни предмети. Допрва следи печатење, преведување и дистрибуција. Можеме да претпоставиме за каков временски период ќе се случи, а МОН ова го нарекува во завршна фаза – вели Бендевска.

Фото: МОН

Учебникот по српски јазик, пак, нема ниту одобрение од Националната комисија. Ќе нема учебник по математика, ниту пак е распишан јавен повик за формирање на авторски тим, а ќе мора да биде преведен и на сите други јазици.

– Учениците кои ја следат наставата на абански, српски, турски и босански јазик, од четврто, петто, шесто одделение нема да имаат учебник по македонски јазик, иако покрај мајчиниот јазик имаат обврска да го учат официјалниот јазик во Македонија – рече Бендевска и појасни дека МОН велат оти тоа е така затоа што авторите што се пријавиле биле несоодветни според нормативот за наставен кадар.

За случаите каде за изработка на учебник не пројавил интерес ниту еден автор, Бендевска вели дека законска обврска е на министерот, во таков случај, тој да повика, да назначи автори кои ќе изработат учебник.

Ако Комисијата поднесе тужба, тоа ќе биде прв случај

Учениците од петто одделение ќе немаат учебник по општествени науки и историја, кој беше повлечен во мај, а се работи за оној учебник каде Монт Еверест беше висок 22 км, а Бугарија ни беше на запад.

Објаснувањата од МОН, велат дека за Историја и општество не е доставен ракопис, за српски јазик се пријавиле несоодветни автори.

– Вкупно 20 учебници по странски јазици за сите одделенија се уште немаат одобрение за употреба кој го дава Педагошката служба. Тие се во напредна фаза на одобрување. Тоа трае до 20 дена до три месеци, па не може да се претпостави кога ќе има учебници – потенцира таа.

Заклучокот на Комисијата е дека МОН не ја отстрани констатираната дискриминација, туку е во поголеми размери во однос на она што Комисијата го утврди во јуни 2023 година.

Учебниците догодина навреме, се надева министерот Шаќири

Обезбедување на квалитетно образование е прашање на индивидуалната правда и претставува општествена одговорност на сите нивоа.

– Највисока заштита од дискриминација е судската. Комисијата има обврска да покрене пријава, но овде се опфатени голем број ученици. Остануваат без учебникот како основно средство за стекнување знаење. Тоа е структурно системска празнина. Комисијата има право да покрене тужба против јавните институции кои не ја отстраниле дискриминацијата – вели Бендевска.

Најавија конечна одлука за следната недела, а тоа ќе биде прв случај ако Комисијата се одлучи да покрене тужба.

Метапневмовирус не е нов вирус, нема опасност за нов Ковид
Велосипедисти од Штип во хуманитарна мисија