ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
23.09.2025
Учебници нема само таму каде училиштата не побарале
Автор: Goce Author

Учебниците и годинава предмет на реакции, и покрај тоа што од МОН беше најавено дека навреме сите ученици ќе добијат учебници.

Според изјавите од министерството, до проблеми во некои училишта дошло поради тоа што самите училишта не побарале доволно. Неколку пати министерката за образование Весна Јаневска одгиовараше и на прашања за оштетените учебници кои ги има во училиштата. Таа потенцираше дека од комисиите кои ги примаат старите учебници во училиштата, и пријавуваат колку се оштетени, а и од самите директори, зависи и колку нови ќе се печатат.

-Учебници има, сè што побарале училиштата, сè е испорачано. На МОН му е сосема сеедно дали ќе отпечати милион или милион и двесте илјади учебниц. Затоа што имаме рамковна спогодба за печатење. Значи, тоа што е побарано е испорачано. Уште еднаш повторувам – до последен учебник кој е побаран од Министерството е обезбеден.

Оттука, не прифаќам дека може да се рече дека учебници нема. Дали се во подобра или полоша состојба, тоа зависело од комисијата што ги примала, од директорите. Сметам дека ова прашање треба да биде затворено и во иднина да немаме никакви вакви проблеми, изјави вчера Јаневска.

Учебници има толку колку што побарале училиштата, велат од МОН

За училиштата во кои недостигаат учебници затоа што не ги пријавиле навреме потребните тиражи, МОН ќе им ги обезбеди во ПДФ-формати што ќе бидат ставени на веб-страницата на Педагошката служба.

Оштетените учебници ќе бидат заменети со нови

Министерката за образование и наука Весна Јаневска рече дека МОН тоа го побарало од издавачките куќи, тие ги доставуваат учебниците во ПДФ-формат и Министертсвото, рече, веќе ги поставува учебниците како ПДФ-формати на веб-страницата на Педагошката служба. И овојпат таа нагласи дека се испорачани онолку учебници колку што пријавиле самите училишта.

Како што рече, поставени се јасни правила, има јасен и прецизен закон што функционира, упатства и правилник за работа кои „од следната година ќе мора да се почитуваат до последен детаљ“.

Диструбицијата на учебниците е завршена, рече Јаневска. Остануваат два учебника за први клас гимназија – еден е спорен, а еден е во процедура.

-Тие ќе бидат дистрибуирани тогаш кога ќе се реши ова. Сите други учебници се дистрибуирани, додаде Јаневска.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?