ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
07.06.2023
Учебниците догодина навреме, се надева министерот Шаќири
Автор: Goce Author

Учебниците наредната учебна година ќе се достават навреме, ако се заврши според пропишаните временски рокови, изјави министерот за образование и наука, Јетон Шаќири.

Фото: МОН

Очекувам, верувам и сигурен сум дека МОН ќе го даде максимумот за се да биде навремено и учебната година да не почне со подготвителни материјали за предметите што веќе имаат одобрени учебници. За повеќето, 80 проценти од предметите, веќе има доставено ракописи“, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

За предметите за кои не се пријавуваат автори на повиците за учебници, како што е Македонски јазик за трето одделение, истакна дека ќе бара решение ако треба, како што рече, „и со подготвителни материјали“.

Може да имаме проблеми, но не верувам за сите предмети зашто веќе имаме ракописи. Може да се за еден, два или три предмети, но не можам да предвидам и верувам дека и за нив не треба да има проблеми. Не ме радува фактот што учебникот (по Mакедонски јазик за петто одделение) стигна на крајот на учебната година, но ме радува тоа што тој ќе биде достапен за учениците  во наредната учебна година“, рече Шаќири одговарајќи на новинарско прашање по средбата со претставници на СОНК и на Американската федерација на наставници.

Грешките во учебниците ќе се избегнат со поголема внимателност од сите инволвирани

Како што и претходно соопшти МОН, тој појасни дека конкретниот учебник доцнел зашто  на три повици немало пријавени автори, а на четвртиот (во август) се пријавил авторски тим со предложен ракопис.

 

Потоа тој двапати бил вратен на корекција од страна на Бирото за развој на образованието (БРО) заради усогласување на содржината со новата наставна програма за тој предмет за петто одделение.

Не можам да предвидам какви ќе бидат наредните постапки, но се ако се заврши според пропишаните временски рокови сите учебници ќе се достават навремено“, рече Шаќири.

На крај на учебната година, основците добија учебник по Македонски!?

Во однос на  грешките во учебниците, очекува поголема внимателност од сите што се вклучени во процесот на одобрување и рецензирање, од БРО и од  Националниот совет за учебници, при што посочи дека постојниот закон не предвидува казни за авторите или за рецензентите кои дозволуваат да се одобрува учебник кој има и содржински или технички грешки и смета дека на таквите автори не треба да им се дозволи повторно да конкурираат со ракописи на наредни огласи.

Вчера заврши повикот за пријавување автори за изработка на нов учебник по Историја и општество за петто одделение откако МОН донесе одлука да се повлече претходниот поради грешки и нелогичности во содржината.

Шаќири рече дека се уште нема информација дали на повикот се пријавиле автори за нов учебник.

Европската комисија ги констатира проблемите и нуди решенија за младите и образованието во Македонија
Медиумски фестивал Скопје – во фокус локалното известување