ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
17.12.2022
Учебникот кој доцнеше на првото школско ѕвонче полн со катастрофални грешки
Автор: Goce Author

По многуте реакции во јавноста за катастрофалните грешки во учебникот по Историја и општество за петто одделение, авторките Анита Ангеловска и Гликерија Илиоска преку социјалните мрежи објаснуваат дека грешките биле технички, а тие не можеле да го прегледаат учебникот пред печатењето.

Во книгата, која била одобрена на 3 ноември од Националната комисија за учебници, се испечатени серија небулози и неточни информации: дека Албанија е источен сосед на Македонија, а Бугарија западен, како и дека највисокиот врв во светот, Монт Еверест, е висок 29.305 метри.

Авторки на учебникот се Ангеловска и Илиоска, а тој има тројца рецензенти: Беса Хавзиу–Исмаили, Анета Соклевска и Виолета Шурбановска. Како стручен редактор и уредник е потпишана Орданка Мицкова. Издавач на учебникот полн со грешки е Министерството за образование и наука.

Авторите побарале од надлежните во Министерството за образование и наука да ги коригираат грешките барем во електронските верзии, а ги замолуваат наставниците да им објаснат на учениците дека во тие делови од учебникот има технички пропусти.

Оваа година учебниците доцнеа за првото тромесечие. Учениците добија по една книга за секој предмет како материјал за учење, а министерот за образование Јетон Шаќири изнесе дека наредната година тој ќе сноси одговорност ако пак доцнат учебниците. За овогодинешниот потрошен буџет за печатење на учебниците со грешки не се знае кој ќе одговара.

Шаќири: Идната недела започнува исплатата на студентски оброк

Министерството за образование и наука и Педагошката служба започнаа процес за утврдување на причините за пропустите при одобрувањето и издавањето на учебникот по Историја и општество за 5-то одделение, во кој се констатирани низа грешки и нелогичности, кои секако, не смееја да се дозволат.

(Аудио) Силата на еден став
Казните за злосторства над девојчиња и жени мора да се повисоки