
Денес повторно е добиено дојава за бомба. Станува збор за училиштата „Јосип Броз Тито“, „Раде Јовчевски Корчагин“, „Никола Карев“ и „Орце Николов“, сите од Скопје.
Денеска во СВР Скопје околу 9:30 часот е пријавено дека на електронската адреса на четири училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Пријавите за дојави за бомби во средните училишта во Скопје почнаа пред две недели, а оттогаш училиштата во главниот град беа евакуирани во шест наврати.