ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
14.07.2023
Ученици од Македонија на „Светски ученички куп“ во Доха
Автор: Goce Author

Ученици од Македонија ги бранеа државните бои на меѓународниот натпревар „Светскиот ученички куп“ во Доха, Катар, во конкуренција од 1800 учесници од 30 земји.

Македонската делегација ја сочинуваа девет ученици од ПСУ „Јахја Кемал“, тројца од ООУ „Ј.Х.Песталоци“, тројца ученици од ОУ „Јан Амос Коменскии“ и еден ученик од „Американ Колеџ“.

Тимовите, како што соопштија од Јахја Кемал“ се натпреварувале во четири главни категории: индивидуален тест по општи знаења, пишување во тимови, дебатирање во тимови и квиз во тимови според материјалите што се дел од годинешната тема „Реконструкција на минатото“.

Дамјан Давков со прво злато за Македонија на математичка олимпијада

– Нашите ученици забележаа успеси и освоија медали во сите категории, меѓу кои најзначајни се третото место во пишување и дванаесеттото место во дебатирање. Два тима го надминаа прагот на поени на глобалната рунда и директно се квалификуваа на последниот круг од натпреварот, Турнирот на шампиони, што ќе се одржи на Универзитетот Јејл во ноември 2023. Уште два тима обезбедија дополнителна квалификација за тој натпревар, се наведува во соопштението.

Македонската делегација беше предводена од наставниците Никола Ѓелинчески и Еркан Агуш, а Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во Република Северна Македонија обезбеди промотивен материјал

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?