ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
03.04.2023
Учениците од Кочани победници на First Lego League
Автор: Goce Author

Во саботата се одржа националниот натревар „Прва лего лига“ ( First Lego League). Тоа беше натпревар за деца од 09 до 16 години. 8 тима од Скопје, Кочани и Тетово се натпреваруваа во 4 категрии: роботска игра, дизајн на робот, иновативен проект на тема енергија и основни вредности.

Натпреварот заеднички го организираа Здружението за едукација и иновативно учење „Академија за роботика и иновации“ од Скопје и Универзитетот Гоце Делчев со Факултетот за информатика. Натпреварот помина во одлична атмосфера низ игра, музика и забава. Покрај родителите на натпреварувачите, многу наши сограѓани со нивните деца ги бодреа натпреварувачите. Судиите и оценувачите на натпреварот беа волонтери од редот на професори од УГД, Ротари клуб Штип, Ротари клуб Кочани-Виница и новинари, а за регуларноста на целиот натпревар се погрижија и тројца претставници на оперативниот партнер на FLL од Грција.

Најбараните професии во иднината ќе бидат во сферата на технологијата

Тимовите работea на темата глобални предизвици поврзани со целите на одржлив развој на Обединетите нации, со фокус кон обезбедување прифатлива, сигурна, одржлива и модерна енергија за сите. Гордан Анастасов директор на „FLL“ изјави дека петта година по ред  настанот е во организација на Академијата за роботика и иновации, а ко-организатор е Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Чест ми е што оваа година имаме некој мал јубилеј, петта година како во нашата држава се одржува ова натпреварување. Ова повеќе е дружба и начин на живеење на учениците преку Лего лигата. Оваа година имаме осум екипи. Знаете дека сите ние правиме една многу благородна работа за нашите ученици и затоа се надеваме дека нашето FIRST LEGO лига (ФЛЛ) семејство од година во година ќе расте и ќе живеат FLL вредностите, вели Анастасов.

Најдобрите на First Lego League ќе ја претставуваат Македонија на Светското првенство во роботика

Универзитетскиот професор на Факултетот по информатика на УГД-Штип, проф. Д-р Александра Милева  вели дека овој натревар на учесниците им овозможува стекнување вештини и способности неопходни за живот на 21. век, додека  креативноста и критичкото размислување се главните цели на овој натпревар. Натпреварот е за деца од 9 до 16 години, кои се натпреваруваат тимски.

Овој натпревар е значаен затоа што прво ги развиваат своите технолошки вештини, учат како да изградат робот, како да го испрограмираат, да се натпреваруваат со робот, учат како да истражуваат на некоја тема, некој проблем, да решаваат проблеми. Се учат како да го презентираат тој проблем пред експерти поврзани со тој проблем, но најважно е дека ги градат своите основни вредности, учат како тимски да работат, како да го ценат своето време и времето на другите, како да другаруваат меѓу себе, да си помагаат, рече Милева.

Најуспешна нна петтиот државен натпревар на Лего лигата беше екипата од СОУ „Ѓошо Викентиев“ од Кочани.  Учениците од Кочани како севкупни победници ќе ја претставуваат Македонија на Светското првенство во роботика, кое ќе се одржи од 18 до 21 мај во Мароко.

Награди добија и следните тимови:

  • Роботска игра: SPACE WALKERS од СТЕМ Академија, Скопје
  • Иновативен проект: HyperBot од YAHYA KEMAL COLLEGE – Тетово
  • Дизајн на робот: Robo Mosquitos од Кочани
  • Основни вредности: NR NR од YAHYA KEMAL COLLEGE – Скопје
Казните за злосторства над девојчиња и жени мора да се повисоки
Здравствени политики за сите