ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
06.12.2023
Учениците ќе можат да користат интеренет со ограничен пристап во училиштата
Автор: Goce Author

Во 40 улилишта низ државата е поставено нова, современа опрема преку која учениците ќе можат безбедно да пристапуваат до интернет со цел полесно да ги совладуваат наставните материјали, а истовремено да пребаруваат и дополнителни едукативни содржини, соопшти Министерството за образование и наука.

Image by Freepik

МОН појаснува дека пристапот е овозможен преку безжични пристапни точки во сите училници, а пребарувањето на содржините е ограничено само за образовни потреби.

-МОН во насока на заштита на учениците, преку централизиран систем ќе ги оневозможи сите содржини кои се означени како несоодветни за возраста на децата. Опремата е набавена преку проектот на Министерството за образование и наука за унапредување на основното образование кој е финансиран со средства од Светска банка, наведува МОН.

Од МОН додаваат дека претходно инвестирале во нови персонални и преносни компјутери за училиштата, смарт табли, 3Д скенери, печатари, проектори, системи за складирање и управување со податоци…

-Исто така, беа набавени и нови наставни и нагледни средства за кабинетите по предметите од групата на општествени науки, како историја и географија, и целосно нови кабинети по природни науки во сите основни училишта, информира МОН.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?