
„Учи паметно, работи стручно“ и кампања со која Министерството за образование и наука продолжи со реализација на промоцијата на средното стручно образование.
Фото: МОН
Ова се активности во рамките на промоцијата на предностите и придобивките од средното стручно образование а во пресрет на уписите во средните училишта. Вчера во рамки на кампањата „Учи паметно, работи стручно“, отворени денови за идните средношколци организираа средните стручни училишта „Димитар Мисарџиев“ и „Јане Сандански“ во Штип, како и „Кочо Рацин“ во Свети Николе.
На промотивните настани присуствуваше заменик министерот за образование и наука Лулзим Алиу, кој ги повика полуматурантите од овие два града, добро да размислат каде ќе продолжат да се образуваат, упатувајќи ги да обрнат внимание на средното стручно образование, за кое како што рече, нуди поголема веројатност за успешен настап на пазарот на трудот по завршување на училиштето, но и добра основа за понатамошна академска надградба.
Потсети дека бројот на дуални паралелки во кои повеќе се посветува внимание на практичната настава, за сметка на изучување теорија, е значително зголемен во речиси сите средни стручни училишта. Конкурсот за уписи во средните училишта кој започнува во средината на месец јуни, предвидува вкупно 227 дуални паралелки во кои наставата ќе се реализира со поддршка на над 450 компании од приватниот сектор.
„Учи паметно, работи стручно“ е кампања коија МОН ја спроведува со цел да им обезбеди на учениците подобар настап на пазарот на труд.