ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
19.04.2024
Училиштата ќе ги одработат неработните 24 април и 8 мај
Автор: Goce Author

Училиштата ќе ги одработат неработните изборни денови (24 април и 8 мај), синдикатот се противи и бара да се повлече ваквата одлука.

Министерството за образование и наука со допис ги известило училиштата дека двете среди (24 април и 8 мај) кога нема да работат поради одржување на изборите, треба да ги одработат во две саботи (18 мај и 1 јуни). МОН им укажало дека треба да се исполни одредбата од законот според која учебната година трае 180 наставни денови.

Покрај тоа, основните училиштата на Град Скопје се задолжени на 15 јуни (сабота) да го надоместат 30 ноември 2023 (четврток) кога не работеа поради одржувањето на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје.

МОН соопшти дека наставата од учебната 2023/2024 ќе се реализира во целост, како што предвидуваат плановите за организација на работата на основните и средните училишта.  Учебната година нема да биде продолжена, односно ќе заврши согласно утврдените календари. Тоа е на 10 јуни за средношколците и на 17 јуни за основците. Во тоа соопштение од вчера,  немаше информација дека неработните денови ќе бидат одработени во саботи.

-Иако гласањето во рамки на првиот и вториот изборен круг е закажано во работни денови, учениците нема да изгубат од наставата и да пропуштат дел од наставниот материјал. Така посочи  МОН без да прецизира дека деновите ќе бидат надоместени како што за тоа ги известило училиштата.

СОНК се противи на одрабпотувањето на деновите за училиштата

Известувањето пратено до училиштата го објави и Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК).  Објавата е на нивната фејсбук-страница, со прашање: „Од кога неработните денови преку ноќ стануваат работни?“

– Министерот за образование веднаш да го повлече Известувањето до училиштата, со кое се задолжуваат да ги одработат „неработните” денови, прогласени од Владата, заради одржување на претстојните избори. Впрочем, и други учебни години завршувале и биле верифицирани од страна на министерот со помалку од 180 работни денови, како на пример учебната 2021/22 година, пишува во реакцијата на СОНК.

Со одлука на Владата од седницата пред три дена, заради непречено спроведување на првиот и вториот круг на Претседателските избори и на Парламентарните избори 2024, деновите 24 април и 8 мај  ќе бидат неработни за сите граѓани на целата територија на државава, и тие нема да се одработуваат.

На образованието му требаат големи инвестиции

МОН вчера информираше дека во вторниците 23 април и 7 мај, т.е. деновите пред одржувањето на изборите во државава, наставата во училиштата ќе се реализира вообичаено согласно распоредот, а училиштата во кои утредента ќе се организира гласање ќе работат од 7 до 11 часот, со скратени наставни часови за сите одделенија односно класови.

Инаку, учениците оваа година првпат ќе имаат пролетен распуст од 29 април до 6 мај

(Видео) Жртва од Јавна Соба: И после три години се чувствувам злоупотребено и незаштитено
Како функционираат онлајн шопинг измамите: Ви продаваат погрешен производ, а потоа ве блокираат