На денешната седница на Универзитетскиот сенат беа донесени неколку одлуки во насока да се помогне на луѓето погодени од катастрофалниот земјотрес во Турција. Донесено е одлука во координација со амбасадата на Република Турција УГД да одвои 500.000 денари хуманитарна помош.
Во соопштението се вели:
Водени од принципот на хуманост, воедно и како Универзитет на кој студираат студенти од Р. Турција, УГД ќе донира парична хуманитарна помош во висина од 500.000 денари, за помош на подрачјата погодени од земјотресот.
Средствата ќе бидат доделени во координација со амбасадата на Р. Турција директно на Државната агенција за управување со кризи и итни состојби при Министерството за внатрешни работи на Р. Турција.
Студенти на ФМН-УГД организираат хуманитарна акција во Штип за оштетените во Турција
Дополнително, УГД ќе им излезе во пресрет и на студентите од Р. Турција со:
Ги повикуваме на солидарност сите институции и индивидуи во државата – да делуваме во насока на општество какво што сакаме да бидеме!
Преземено од life.ugd.edu.mk